Вчера попладнето, во скопската населба Козле се судриле автомобил и товарно возило чијшто возач е сериозно повреден, извести МВР.
„На 03.06.2025 околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Миле Попјорданов“ и ул.„Илија Плавев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.С.(37) од Скопје и товарно возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(57) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на товарното возило, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ – Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје“, пишува во полицискиот билтен.