Возач од Македонска Каменица удрил во паркиран автомобил и се обидел да избега, но, разбирливо, го фатиле, соопшти МВР.
„На 30.03.2025 во 23.55 часот во Македонска Каменица, полициски службеници го лишиле од слобода В.С.(39) од Македонска Каменица, по претходна пријава дека на ул.„Вера Јоциќ“ во Македонска Каменица, управувајќи товарно возило „фиат“ со регистарски ознаки на Македонска Каменица удрил во паркирано возило „ауди А4“, сопственост на А.Д.(24) и го напуштил местото на настанот. Извршен бил увид и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, велат од полицијата.