13-годишно девојче од скопското село Црн Врв е тешко повредено откако го прегазил возач на автомобил, кој потоа избегал од местото на несреќата, соопшти полицијата.
„На 21.05.2025 во 14:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на 19.05.2025 околу 9 часот на сервисна улица која ги поврзува регионален пат Скопје-ХЕЦ Козјак и с.Батинци, скопско, патничко возило удрило во малолетничка од с.Црн Врв, скопско, по што возачот со возилото го напуштил местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 13-годишната малолетничка, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје“, велат од МВР.