Инцидентот се случил вчера кога возачот на патничко возило од марката „субару“ удрил во паркирано „фолксваген голф“ со скопски регистарски таблички, сопственост на Љ.Р. (47) од Скопје.
56-годишниот скопјанец Н.А. е приведен откако на улицата Владимир Комаров во општина Аеродром со својот автомобил удрил во паркирано возило, а полицијата утврдила дека бил под дејство на алкохол – дури 2,57 промили во крвта.Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 15 јуни, околу 20:50 часот, кога возачот на патничко возило од марката „субару“ удрил во паркирано „фолксваген голф“ со скопски регистарски таблички, сопственост на Љ.Р. (47) од Скопје.
„При увидот и извршените тестирања, било утврдено дека лицето управувало возило под дејство на алкохол. Му беше измерено присуство од 2.57 промили, што претставува сериозно прекршување на безбедносните прописи и го загрозува животот на другите учесници во сообраќајот“, соопштија од СВР Скопје.Возачот е задржан во полициска станица, а по целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по два члена од Кривичниот законик: член 297-а – „безобѕирно управување со моторно возило“ и член 288 – „предизвикување општа опасност“.