Едно од лицата има тешки и сериозни повреди.
„Во 15.08 часот е пријавенo дека на регионалниот пат Велес – Градско, кај месноста викана „Црн Камен“ заради неприлагодена брзина патничко моторно возило („поло“) излетало на железничката пруга. Притоа, биле повредени две лица, од кои едното било потешко повредено.
Прво, на лице место, покрај итната медицинска помош и екипа од СВР Велес интервенираше и екипа од 4 пожарникари со едно ПП возило од ТППЕ Велес – за извлекување на тешко повреденото лице кое било на самата пруга. Повредените лицата веднаш беа пренесени во Велешката болница, а параелно со таа спасителна акција излетаното возило коешто било на самата железничката пруга, екипи на АМСМ, ЈП МЖ инфраструктури и СВР Велес го отстраниле од пругата и го ослободиле патот на наредниот воз што поминувал на тој правец во 17.30 часот“, информираа од ЦУК.