Непознати лица во текот на вчерашната ноќ го осквернавиле гробот на Зоран Василевски.
Според фамилијата буквално бил откопан ковчегот на Василевски кој беше погребан на 3-ти Ноември минатата година. Семејството пријавило во полиција и се чека да се пронајдат сторителите на ова морничаво вандалство. Копале во гробот, го отвориле ковчегот и дури му се гледа главата н Зоки.вели за порталот ммс.мк внукот на Зоки,Дарко. Во ковчегот имаше несесер, кој го отвориле. А што може да има во несесерот, освен работите што се ставаат од адетите. Најверојатно барале злато! Ама кој става злато во гроб, само часовникот му го ставиме, кој не е ни златен.До тоа ли им дојде? И починат не го оставаат на мир. Не ми е јасно зошто го прават ова, вели Дарко, видно вознемирен За нечовечното дело сподели неговиот пријател Стефан Лазаров.
Таман кога човек ќе помисли дека полошо не може да биде се случува ваква работа. Некој го откопал гробот на Зоки, претпоставувам барајќи злато или вредни работи… Па добро бе , остана ли малку човечност помеѓу нас луѓето, 6 месеци немаат поминато!! Какви се тие монструми што прават вакви работи, срамота! Случајот е пријавен од семејството на Зоки и се надеваат дека од Министерство за внатрешни работи во најбрз можен рок ќе бидат пронајдени сторителите и ќе бидат казнети за во иднина да не се случуваат вакви одвратни дејствија…, сподели Лазаров.