13.5 C
Скопје
12/05/2025 21:19
МАКТЕЛ

     

Воз за Белград ќе нема и догодина, за Солун и Истанбул се чека согласност од Грчките железници

      

Железници на РСМ-Транспорт го подготви новиот возен ред за 2023 година, кој стапува на сила на 11 декември годинава. Експресниот воз за Белград нема да сообраќа и наредната година, додека за пуштање во сообраќај на најавениот воз од Скопје за Солун и Истанбул се чека на согласноста на Грчките железници.

„Со новиот возен ред не е предвиден сообраќај на меѓународниот патнички воз Белград – Скопје – Солун и обратно, поради тоа што не се отстранети причините поради кои е во прекин сообраќајот, а тоа е реконструкцијата на пругата помеѓу Ниш и Брестовац“, информираат за Мета.мк од Железници на РСМ-Транспорт.

   

Со отпочнувањето на градежните работи на железничката линија меѓу Ниш и Прешево, пред околу две години беше укинат и експресниот воз што ги поврзуваше Скопје и Белград. Сепак, од Железници на РСМ-Транспорт оставаат можност за воведување на нов експресен воз од Скопје кон Солун и Истанбул, доколку се постигне договор меѓу трите национални железнички компании низ кои ќе минува возот. Директорот на Железници на РСМ-Транспорт есенва беше во Турција, на која меѓу другото, се разговарало и за ова прашање.

„Во преговорите што се водеа помеѓу генералните директори на ЖРСМ Транспорт АД Скопје и Турски државни железници беше постигната начелна согласност за проектот за превоз на патници помеѓу Скопје, Солун и Истанбул. Но, сè уште се чека на согласност од страна на Грчки железници“, велат од Железници на РСМ-Транспорт. Сепак, од најавите дека би можело со новиот возен ред да се воведат прекугранични патнички возови меѓу Битола и Лерин во Грција засега нема ништо. Грција треба да ја реконструира пругата од Лерин до грчко-македонската граница за да може евентуално да се разговара за пуштање во сообраќај на возови меѓу двата града. Инаку, од македонска страна има по три пара возови на релацијата Скопје-Битола-Скопје, а од грчка страна има по два пара возови дневно меѓу Лерин и Солун, при што ваквата ситуација остава простор за идна соработка за поврзување на Битола и Лерин со прекугранични возови.

Инаку, во новиот возен ред што стапува на сила на 11 декември нема да има промени во сообраќајот на патничките возови, додаваат од Железници на РСМ-Транспорт. Во сообраќај ќе има по два пара возови меѓу Скопје и Гевгелија, три пара возови меѓу Скопје и Битола, четири пара возови меѓу Скопје и Куманово и девет пара возови меѓу Скопје и Велес. Од железничкото претпријатие појаснуваат дека и со новиот возен ред времено нема да сообраќаат предвидените возови на релациите од Скопје кон Приштина, Кочани и Кичево, кои во нормални услови треба да сообраќаат по еднаш дневно кон секоја дестинација. „Истите ќе продолжат да сообраќаат по обезбедување на материјално – технички средства за нивна реализација“, информираат од Железници на РСМ-Транспорт.

Расте бројот на патници, цените на билетите не претрпеа корекции – И покрај тоа што веќе една и пол година не сообраќаат патничките возови кон Приштина, Кочани и Кичево, а не го нема и експресниот воз кон Белград и Солун, патничкиот железнички превоз бележи зголемен број на патници во изминативе месеци. Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), во периодот од јуни до септември 2022 година со воз патувале 108.000 патници, додека истиот квартал лани возот како превозно средство го користеле 66.000 патници. Од јануари до септември годинава во земјава со воз патувале околу 274.000 патници, што е повеќе од вкупниот број на патници превезени во 2021 година. Инаку, поради недостиг на исправни возови во возниот парк, вообичаено не сообраќаат по три воза дневно планирани во актуелниот возен ред, што пак не го намалува растечкиот интерес за патување со воз кај граѓаните.

Во услови на сеопшт пораст на цените на сите производи и услуги во земјава, Железници на РСМ-Транспорт засега не ја зголеми цената на возните билети, кои повеќе од една деценија не се корегирани. Па така, повратен билет со воз од Скопје до Куманово чини 140 денари, што е помалку од автобуска карта во еден правец. Исто е и меѓу Скопје и Велес, на која релација со воз во двата правци се патува за 180 денари, а со автобус во еден правец билетот чини 200 денари. Повеќе од двојно поевтини се железничките билети и кон другите релации во земјава, каде што има можност да се избира меѓу воз и автобус.

И покрај зголемениот број на патници во 2022 година, гледано од историска перспектива, користењето на најеколошкото средство за масовен превоз на патници бележи тренд на опаѓање на бројот на патници, но и на вкупниот број на возови кои сообраќаат. Во периодот пред 2015 година, со воз на годишно ниво во земјава патувале и над милион патници, додека во периодот на Југославија железницата бележела и по над 6 милиони превезени патници со тогашните возови.

   

Најново

Шилегов распали по Венко Филипче: Златна да визата!

Sase Ivanovski

ЛДП: Градскиот парк личи на џунгла, излегува на површина неспособноста на Арсовска

Sase Ivanovski

Апасиев: Во Влада се луксузираат, а во Собранието нема паркинг, кафе и јајца за доручек

Sase Ivanovski

Јаневска: Се залагаме за едносменска настава во сите училишта

Sase Ivanovski

Бендевска: За ЗНАМ е неприфатливо да седи во иста Влада со субјект кој се договара со ДУИ

Sase Ivanovski

Македонија 2025: Дигитализацијата клучна за економски развој, борба против корупција, поефикасна државна управа и подобри јавни услуги

Sase Ivanovski

ВРЕДИ: Оваа влада има доволно мнозинство за да продолжи со проекти во корист на граѓаните

Sase Ivanovski

Песков: Јазикот на ултиматум не може да се користи за дијалог со Русија

Sase Ivanovski

Анчелоти е нов селектор на Бразил

Sase Ivanovski

Тајани: Путин треба да одлучи дали ќе има мир во Украина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Трамп: Можеби ќе им се придружам на Путин и Зеленски на преговорите в четврток во Истанбул

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Не е здрава храна ако го намалиме лебот и го тргнеме „благото“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ова може да ја револуционизира иднината на возењето

Sase Ivanovski

Машен, Германија – Повеќе од град, тоа е еден од клучните железнички центри во Европа

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Орце Ѓорѓиевски: За нас, говорат делата!

Sase Ivanovski

Недела поладне во Белград! Pan-Pot во кафетерија

Sase Ivanovski

Фуркан Салиу: Каде што застана Груевски, продолжува Мицкоски

Sase Ivanovski

Масивната вежба на писта на американските воздухопловни сили со 53 авиони – испратена порака до ривалите како Кина

Sase Ivanovski

На многаја лета Свети Василиј Острошки…

Sase Ivanovski

Полска еднаш ги отвори вратите за милиони украински бегалци, но сега расположението се смени

Sase Ivanovski

Полска: Руската тајна служба стои зад пожарот во трговскиот центар во Варшава во 2024 година

Sase Ivanovski

Научниците откриваат колку точно тежина ви е потребно за да кревате за да стекнете мускули

Sase Ivanovski

САД и Кина се согласија да ги намалат царините во рамките на деескалацијата на трговската војна

Sase Ivanovski

Администрацијата на Трамп е подготвена да прифати „палата на небото“ како подарок за Трамп од Катар

Sase Ivanovski

Објавена е првата излезна анкета од изборите во Албанија, Социјалистичка партија и Еди Рама водат со 79 пратенички места

Sase Ivanovski

Зошто кинескиот борбен авион J-10C „Vigorous Dragon“ е во тренд…

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Бендот „Фанк Шуи“ со голем хуманитарен концерт за Кочани во МКЦ на 15 мај

Sase Ivanovski

Ќе се работи Студија за природните вредности на Јабланица, целта е да се прогласи за заштитено подрачје

Sase Ivanovski

Лишени од слобода четири лица во гостиварско затоа што управувале возила со поголема брзина од дозволената

Sase Ivanovski

ДИЦ: Освен во училишта, матурата годинава ќе се полага и на пет универзитети

Sase Ivanovski

Ретроспективната изложба на Анета Светиева

Sase Ivanovski

Изгубениот контекст на изјавите на Тони Блер

Sase Ivanovski

Муртезани на средба со известувачот за Северна Македонија, Вајц  во Брисел: стратешки разговори за напредокот во пристапниот процес и поддршка за реформите

Sase Ivanovski

Лишен од слобода тетовец затоа што управувал возило со 2,16 промили алкохол во крвта

Sase Ivanovski

(ФОТО) (Галерија) На Школка се одржа настанот „Гуш и бац е љубов“, децата учеа и се поврзуваа без предрасуди

Sase Ivanovski

Европските лидери го посетија Киев и и порачаа на Русија: 30-дневен прекин на огнот сега или ќе се соочат со огромни санкции

Sase Ivanovski

ОСНОВЦИТЕ ОД КАРПОШ ЌЕ СЕ ЕДУЦИРААТ, КАКО ТРЕБА ДА СЕ ОДНЕСУВААТ КОН СВОИТЕ СОУЧЕНИЦИ СО ПОПРЕЧЕНОСТ

Sase Ivanovski

Наставници од земјава ќе учат како да применуваат нови методи во наставата

Sase Ivanovski

Претрес во Куманово, пронајдена дрога, приведен дилер

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова со претставници на македонската дијаспора: Во процес е формирање на Совет за дијаспората како институционален облик на соработка

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава против две вработени во Управни работи во Куманово за несовесно работење во службата

Sase Ivanovski

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и измеќарите од ЗНАМ не можат да излажат никого

Sase Ivanovski

Министерство за финансии: Министерката Димитриеска-Кочоска во работна посета на Брисел на 11. Економски и финансиски дијалог со ЕУ

Sase Ivanovski

Вчера 968 сообраќајни прекршоци, 636 за брзо возење

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Пронајдена дрога во Кавадарци, лишени од слобода две лица

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Македонскиот павилјон меѓу 10-те највпечатливи на Венециското биенале, GOVTECH дигитална програма за решавање на проблемите на граѓаните, се зголемува довербата на граѓаните во финансискиот систем

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Акциска контрола синоќа во Скопје, 76 сообраќајни прекршоци, 20 санкционирани возачи на мотоцикл

Sase Ivanovski

Чествување на 195-годишнината од раѓањето на Прличев со промоција на книга од акад. Митевски во „Матица македонска“

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Венециското биенале ги поздрави СДС, успех за македонската делегација предводена од Љутков, македонскиот павилјон во првите 10

Sase Ivanovski

Од утре почнува Robomac по 13-ти пат

Sase Ivanovski

Филипче му ја честиташе победата на Еди Рама

Sase Ivanovski

Симеонов: Се зголемуваат платите на здравствените работници што е услов за квалитетен здравствен систем

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже со која болница преговарал за да добие виза?

Sase Ivanovski

Амбер Херд откри дека дочекала близнаци, кои и се придружија на големата сестра Унах (4)

Sase Ivanovski

Бугарија наскоро на референдум – ќе одлучува дали ќе го прифати еврото

Sase Ivanovski

Индија и Пакистан најавија директни преговори

Sase Ivanovski

Еди Рама на прагот на четврти мандат

Sase Ivanovski

Нови цени на горивата од полноќ: Дизелот поевтинува, бензинот поскапува

Sase Ivanovski

Почина кардиологот Агим Зеќири

Sase Ivanovski

“Ни падна нас да ги исправаме грешките од лековерност или незнаење на претходниците” беседеше премиерот интервјуиран од заменик министерката Трајков

Sase Ivanovski

Најмалку десет жртви во израелски напад врз училиште во Газа

Sase Ivanovski

Пакистански авион од кинеско производство собори два индиски борбени авиони, соопштија американските власти

Sase Ivanovski

ПКК објави дека се самораспушта и го запира вооружениот конфликт против турските власти

Sase Ivanovski

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

Sase Ivanovski

Гардијан со детали: САД и Кина договорија намалување на царините за 115 отсто за период од 90 дена

Sase Ivanovski

Една епизода од Game of throns чини колку Х Македонски народни приказни

Sase Ivanovski

Слонот во собата и „куклите“ во Владата

Sase Ivanovski

Оптимизам на берзите во Европа по договорот меѓу САД и Кина за намалување на царините за 90 дена

Sase Ivanovski

Руско Министерство за одбрана тврди дека нивниот „Искандер“ уништил ХИМАРС на украинската армија

Sase Ivanovski

ЦЕЛТА Е ЕУ, НО ТРЕБА ДА ПОБЕДИМЕ И ВО ПАРИЗ, БЕРЛИН, РИМ… Мицкоски сака Македонија да биде трипати подобра од сите за да испрати порака

Sase Ivanovski

Голем триумф за Еди Рама – сам има мнозинство да состави Влада

Sase Ivanovski

ДУИ: Време е да се преиспита легитимитетот на политичките претставници на предвремени парламентарни избори

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Интрига или факт: Гајдов му удрил бокс/шлаканица на Зиков?

Sase Ivanovski

Основната разлика меѓу евро-интеграциите на Скопје и Кијив: Украина ја брани Европа сама по себе. ЕУ ја брани Северна Македонија самата од себе

Sase Ivanovski

САД и Кина се договорија да ги намалат царините!

Sase Ivanovski

Како причини за таа својствена одлика за Американците, се наведуваат американската култура и нивниот секојдневен живот

Sase Ivanovski

Костадинов до Ѓеоргиевски: Недостасува кадар во градинките во Струмица, зошто местата не се пополнуваат?

Sase Ivanovski

Хотел Златибор во Ужице, Србија е маестрален пример за социјалистичкиот модернизам

Sase Ivanovski

Бобан Стефковски: БЕЛОМОРСКИ ВИДУВАЊА 2025

Sase Ivanovski

Христијан Мицкоски: Денеска имавме чест и задоволство да оствариме прекрасна средба со Крис Павловски и Џанкарло Девасини

Sase Ivanovski
Вчитувам....