Општина Крива Паланка за утре свика вонредна прес-конференција за медиумите на која ќе признае дека истекол цијанид во Крива Река од рудникот „Тораница-булмак“. Долготрајни последици се очекува да има и по посевите на соседната општина Ранковце. Еко-активистите подолго време вршеа притисок врз локалните власт тоа да го признаат откако на 14 март пукна цевка од флотацискиот дел на еден од најголемите рудници во земјата за олово и цинк и се излеа опасна течност. Алармот се вклучи откако реката доби заматување и сива боја.
„Ве покануваме на прес-конференција на градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски по повод хаваријата т.е.инцидентот со излевање на опасна течност од рудникот “Тоарница-Булмак“ во водите на Крива Река, што се случи на 14 март и што предизвика големо заматување и загадување на водата, како и презентација на пристигнатите анализи од мострите
земени од водите на Крива Река. Имено, пристигнатите резултатите од анализите, покажуваат аларматно присутво на тешки метали (олово, арсен, цијанид…) и директна закана по здравјето на граѓаните, долготрајни последици и штети по земјоделските поседи, земјоделски и овошни култури во реонот и на нашата и на соседна Општина Ранковце, т.е. Славишко поле“, самошто потврди локалната самоуправа.