Тројца криминалци од скопско и кумановско синоќа се фатени на дело како крадат во кругот на поранешната фабрика „Железара“, каде подолго време „оперирале“ заканувајќи им се на вработени со огнено оружје, соопшти МВР. Пензионер од Хрватска фатен како краде во куќа: „Го барав Владо Калембер, должен ми е 300 евра“
„На 07.05.2025 во 01:00 часот во кругот на поранешна фабрика Железара, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Ф.З.(30) од скопско, А.Х.(24) од Скопје и Б.С.(33) од липковско. По претходно добиени сознанија и преземени мерки, тие биле затекнати при вршење кривично дело“, велат од полицијата.
„Тие подолг период вршеле кривични дела во кругот на Железара и со огнено оружје се заканувале кон вработените. Во Полициската станица Гази Баба бил извршен службен разговор со лицата и во содејство со јавен обвинител против нив е поднесена кривична пријава по брза постапка по член 291 од Кривичниот законик (Уништување или оштетување јавни инсталации), додека од судија на претходна постапка на тројцата им е изречена мерка притвор од осум дена и биле спроведени во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката“, пишува во соопштението од МВР.