Неименуван висок полициски функционер за агенцијата Франс прес изјави дека тоа е најголемата операција спроведена во Франција и дека меѓу уапсените има двајца воспитувачи, спортски тренер и надзорник во домот за деца со пречки во развојот, пренесува Бета.
Еден од наставниците украл фотографии и видео снимки од неговите ученици, а обвинет е и за сексуално злоставување ученик, соопшти полицијата.Меѓу уапсените има десет мажи осомничени за силување на малолетници или сексуален напад.Уапсените се на возраст од 30 до повеќе од 60 години, а меѓу нив има и локален функционер, инженер и невработен маж.
„Нема типичен профил меѓу овие криминалци, наидуваме на сите општествено-професионални категории“, изјави претставник на полицијата, додавајќи дека при претресот биле пронајдени повеќе од 100.000 видеа и фотографии од злоставување на деца.