17.8 C
Скопје
04/05/2025 20:45
МАКТЕЛ

     

„ВОСТАНИЕТО Е НЕИЗБЕЖНО“ Последната средба на Гоце и Даме во Солун

      

Една од најголемите загатки на македонската историја од илинденското време е солунската средба на Гоце Делчев и Даме Груев на Велигден 1903 година за решението од јануари таа година да се крене востание. За едни, средбата била големо разочарување за Гоце, за други, тој и Даме на крајот сепак постигнале некаква согласност. Што навистина зборувале двајцата војводи? Една од клучните епизоди пред Илинденското востание, а која се случувале токму во деновите пред загинувањето на Гоце, е средбата на Гоце Делчев и Даме Груев во Солун за време на велигденските празници во 1903 година. Таа веќе со децении го предизвикува вниманието на нашите историчари, дури и на тие кои сметаат дека во врска со нејзе нема веќе што да се каже или открие. Од многумина, прифатено е мислењето дека, помалку или повеќе, и двајцата останале на своите гледишта: Даме за поддршка на решението од Солунскиот конгрес за кревање востание, а Гоце за продолжување на борбата со акции далеку од населените места кои ќе ја спречат одмаздата на Османлиите врз цивилното население.

Што навистина се зборувало на таа средба? Прашање е дали тоа некогаш дефинитивно ќе биде откриено. Интересно е сведоштвото на војводата Лазар Димитров (1869 г. с. Дренок, Дебарско – 1945 г. Пловдив), публикувано на 5 мај 1930 година во Пловдив во спомен на загинувањето на Делчев. – По желба и настојување на пријателите да го кажам тоа што го знам за становиштето на Гоце Делчев за Илинденското востание, за средбата со Даме Груев за време на Велигден 1903 година во Солун и за порамнувањето на нивните гледишта по тоа прашање, решив да ги напишам подолу изложените мои спомени -почнува Лазаров. Тој го опишува нашироко познатото влегување на Делчев во Солун во селска облека, со кошница вапцани јајца, а потоа вели дека на вториот или третиот ден од Велигден, претпладне, бил итно повикан од еден служител да се јави во Учителската гимназија во Солун.

   

„Се јавив во гимназијата (чиј објект одамна не постои, н.з.) и го сретнав Делчев во долниот салон крај скалите кои водеа кон горниот салон, пред кабинетот за физика и математика. Беше облечен во нова европска облека. Ме пречека насмевнат и се поздравивме празнично. Потоа ми кажа дека ме викнал за да ми соопшти дека се сретнал со Груев и дека го разгледувале прашањето за востанието. Крајниот резултат бил дека и тој, Гоце, се согласил да се прогласи востанието на крајот од летото, но партизанско-четничко, а не масовно. Такво беше и решението на Конгресот. Со тоа се стави крај на спорот за кревање на востанието и не остануваше ништо друго, освен да се брза со подготовките. Се разделивме со желби за успех. Тоа беше мојата последна средба со Гоце“, запишал Димитров. Христо Поп Коцев (1869, Ново Село, Штип – 1933, Варна), учител и член на ЦК на ВМРО, на 9 јули 1922 година во зборникот Илинден, за солунските настани од тие денови во кои главно се задржува на случувањата поврзани со атентатите на гемиџиите, меѓудругото запишал:

На Велики четврток, тогаш кога се читаа евангелијата, едно момче дојде и му прошепоти на Гарванов дека Гоце пристигнал. Гарванов излезе од црквата и го пречека скапоцениот гостин. Следниот ден дојде до средбата. Даме и Гоце нашироко разменија мислења за востанието. Даме веќе беше убеден во неопходноста од востанието, додека Гоце продолжуваше да биде партизан на анархичните акции. Најпосле и тој се согласи“. Чакаларов против Даме Како што може да се забележи, станува збор за двајца непосредни сведоци на настаните, но нијансите во нивните записи воопшто не се мали. За Лазаров, Гоце се согласил само на партизанско востание, а од сведоштвото на Поп Коцев се стекнува впечаток дека на крајот Гоце се приклонил кон размислувањата на Даме. Истата 1922 година, во истиот зборник, објавено е и сведоштвото на Козма Георгиев Чуранов (син на на човекот во чија куќа е одржан Смилевскиот конгрес) кој на Коста Црношанов му го прераскажал тоа што го чул од илинденскиот војвода Димитар Кромидаров од Смилево, кој пак бил другар со Даме и кому овој му го раскажал целиот разговор со Гоце во Солун. Целта на сведоштвото на Козма, како што самиот навел, е да побијат тврдењата кои и тогаш владееле, а според кои „содржината на разговорот меѓу Гоце и Даме никому не е познат“.

И според Димитар, средбата се случила на Велики петок. Гоце сметал дека решението за востание е избрзано, зашто сите окрузи не се доволно подготвени. На тоа, Даме, меѓудругото, одговорил: Не сме целосно подготвени, но тоа се чини невозможно. Секое одлагање за да се подготвиме уште повеќе, може да биде причина да го изгубиме и тоа што сега го имаме, без да се ангажираме во отворена борба… Сите востанија се случувале за да се предизвикаат светските фактори да се справат со состојбата создадена од востанието. На истиот начин, и ние го очекуваме нашето ослободување. Колку и да се подготвуваме, ние нема да ја скршиме турската власт, но ќе го предизвикаме тоа што го предизвикале сите востанија – вмешувањето на големите сили во работите на Турција. Димитар раскажувал дека и Гоце и Даме дошле до едно исто становиште – дека востанието е неизбежно. Во некои реони како масовно, во други според можностите. Во тие востанички дејствија, нема да можат да се избегнат ни атентатите до кои толку многу држел Делчев“, се сеќавал Димитар пренесувајќи го кажаното од Даме.

Ова е отприлика на линијата на сфаќањата кои поаѓаат од тоа дека Груев имал една, а Делчев друга идеја за начинот на ослободување на Македонија. Меѓутоа, во Дневикот на Васил Чакаларов, легендарниот костурски војвода, Даме е сместен во групата луѓе врз кои треба да се врши притисок за да се крене востанието. Кога на 19 април 1903 година (според стариот календар) во Смилево стигнала веста за солунските атентати, Даме Груев се обидел да објасни дека бил направен обид атентатите да се спречат или барем да се одложат до почетокот на востанието. Чакаларов тоа го сфатил сосема поинаку, па запишал: Како и да е, јас се радувам (на Солунските атентати, н.з.) и нека си говорат Груевци и компанија, тие мислат и следната година да не дигаат востание. Но, тоа само по себе ќе си дојде…“. Овие зборови на Чакаларов се неверојатни: Даме, човекот кој неспорно бил за кревање востание по 500 години ропство, од костурчанецот е обвинет дека всушност сака да го оддолговлекува кревањето против Турците. Разочаран Гоце Од друга страна, за многу македонски историчари, меѓу кои и проф. Михајло Миновски, дилеми нема. Врз основа на неговите истражувања, меѓу Даме и Гоце немало согласност. Во „Златна книга – 100 години ВМРО’, објавена во 1993 година, за средбата во Солун запишал: Наместо сомисленик и соработник, Делчев сретна опонент… По разијдувањето со Груев, Делчев немаше веќе што да очекува од актуелниот состав на ЦК во Солун. Му преостануваше акцијата – менувањето на донесената одлука за востание да ја води со окружните раководства и со војводите… Делчев го напушти Солун и се упати во Серскиот револуционерен округ каде закажа окружен конгрес на кој требаше да се донесе решение против кревање востание“.

Ваквите заклучоци, исто така се поткрепени од сведошта, како, на пример, тоа на Ѓорче Петров кој во неговите „Спомени“ тврди дека во Солун „Делчев го доживеа последниот удар на разочарувањето“. Рафаел Камхи, единствениот македонски Евреин, илинденец, кој живееше до 1970 година, забележал: Изутрина отидов во хотелот. Даме веќе беше станал. Порачав кафе и чекав тој да ми каже нешто за средбата во Солун со Гоце. Но, тој не зборуваше ништо. Го запрашав: Кажи нешто за Гоце, што прави тој, ме поздрави ли? Ми одговори дека имам многу здравје од Гоце. Друго ништо не зборувавте? Најпосле ми одговори: ‘Со Гоце не можевме да се разбереме и многу студено се разделивме’“. Михаел Герџиков, човекот кој подоцна се оженил со девојката на Гоце (за што имал добиено аманет), по повод неговото загинување во Баница навел: Судбината отстрани една голема пречка во борбата да се спроведат решенијата од Солунскиот конгрес“. Дел од овие сведоштва се базирани врз основа на кажувањата на Пејо Јаворов, првиот биограф на Делчев, кој некаде во Серско, од него лично слушнал што разговарале двајцата војводи во Солун, по што се разделиле, а Гоце се упатил кон Баница. Така доаѓаме до тоа дека и едната и другата верзија се базирани на документирани сведоштва, но во нив постојат прилично спротивставени вистини. Според првите, Гоце на крајта се согласил со Даме, според вторите, на средбата само било зацврстени нивните разлики. Што од тоа е точно? Веројатно ќе треба да помине уште време, уште истражувања, и во секој случај, разгледување и на околностите во кои различните сведоштва се дадени. Колку што е неразумно да се каже дека некој од сведоците не ја говори вистината, толку е разумно во барање на вистината да се претпостави дека, на пример, сведоштвото на Лазаров е дадено во услови на потреба од глорификација на настаните. Значи можно е неговиот запис за согласноста меѓу Гоце и Даме да е малку „разубавен“. Од друга страна, интиргантно и досега неразјаснето е тврдењето на Ѓорче, кое е спротивно на тоа на Лазаров, а кој бил во „војна“ со цело ВМРО и кој вели дека Гоце бил предаден од „нашите“ во Солун (повикувајќи се на разговор со сестрата на Гоце, Руша). Кои се тие? Оттука, тешко е да се долови апсолутната вистина за тој настан, а со тоа и апсолутната вистина за самото востание. И додека тоа не се случи, останува секој да му поклони верба на гледиштето кое лично го смета за поиздржано.

  

Најново

ПРИСУСТВУВАА 2,1 МИЛИОН ОБОЖАВАТЕЛИ Спречен е бомбашки напад на концертот на Лејди Гага на Копакабана

Sase Ivanovski

„ТЕМУ“ НЕМА ДА ИСПОРАЧУВА СТОКИ ВО САД Американците ќе бараат остатоци од магацините

Sase Ivanovski

ОХРИЃАНЕЦ ПРЕГАЗИ ЧОВЕК ВО ИНВАЛИДСКА КОЛИЧКА Тешко повреден е хоспитализиран во „Свети Еразмо“

Sase Ivanovski

СТОИЛОВ СЕ ВРАЌА ВО МАКЕДОНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА Ќе му помага на селекторот Кире Лазаров

Sase Ivanovski

ЈА БОДЕЛ СО НОЖ ПО ВРАТ ПРЕД ПЕТГОДИШНАТА ЌЕРКА Скопјанец свирепо ја убил партнерката

Sase Ivanovski

Орце Ѓорѓиевски: Градиме нова Поликлиника, фекална мрежа во Бабин Дол, местна заедница во Пинтија – вкупно 22 нови капитални проекти, мојот народ заслужува!

Sase Ivanovski

Рама: На 11 мај Албанците на средба со историјата, ќе се одреди силата на Албанија во преговарачкиот процес со ЕУ

Sase Ivanovski

РТЦГ: Секој втор тестиран возач во Црна Гора бил позитивен на дрога

Sase Ivanovski

Како Лени Рифенштал – режисерката на Хитлер го криеше своето соучесништво од светот?

Sase Ivanovski

Филмот „Flow“ добитник на наградата на публиката ЛУКС за 2025 година

Sase Ivanovski

Концерт на Солунскиот државен симфониски оркестар во Филхармонија

Sase Ivanovski

Загина возач во тешка сообраќајка на патот Кочани – Штип

Sase Ivanovski

Поранешен дипломат: Шефицата на кабинетот на Трамп му забрани на Вучиќ да влезе во Мар-а-Лаго

Sase Ivanovski

Родители во Шпанија цели 4 години на децата не им дозволувале да излегуваат од дома

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТВ исповед на Керим за погрешно паркираното порше: Си ја платив казната, јас почитувам закони. А што е со службените лица кои ги штителе?

Sase Ivanovski

„Штетата е направена“ – Трошановски за ограничените шанси на Македонија во преговорите со ЕУ

Sase Ivanovski

Утре средба Мицкоски и Таравари

Sase Ivanovski

Речиси 200 полицајци во Германија осомничени за екстремизам

Sase Ivanovski

Велосипедската тура во чест на загинатите во кочанската дискотека ,,Пулс”

Sase Ivanovski

Сообраќајка на патот Дебар – Струга, движењето е во прекин

Sase Ivanovski

Француската полиција истражува серија киднапирања на богати луѓе кои работат со криптовалути

Sase Ivanovski

Филипче за најавените протести од ДУИ: Протестот е уставно право, но не треба да се злоупотреби

Sase Ivanovski

Мицкоски: Изгледа Ахмети се уште живее во минатото

Sase Ivanovski

Срна е причината за тешката сообраќајка во Хрватска

Sase Ivanovski

ЗНАЦИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ПРЕПОЗНАЕТЕ ДЕКА НАСКОРО ПАРТНЕРОТ ЌЕ ВЕ ОТКАЧИ

Sase Ivanovski

Новите тарифи на САД стапија на сила во 18 часот: Засекогаш ќе се промени автомобилската индустрија

Sase Ivanovski

Трамп објави фотографија на која е облечен како Папа

Sase Ivanovski

Автобус од БиХ се преврте во Хрватска, има загинати и повредени

Sase Ivanovski

ДУИ за Коридорот 8: Оние што го саботираа проектот немаат ниту морално, ниту политичко право денес да го присвојуваат

Sase Ivanovski

АХВ казни 14 месарници

Sase Ivanovski

Мајка на загинат во Пулс му одговори на Тошковски: Зошто кога бевме кај него не нѐ праша дали нѐ организира опозицијата?!

Sase Ivanovski

Мицкоски: За мене е неприфатливо доколку Таравари го поддржува ДУИ

Sase Ivanovski

Путин: Помирувањето меѓу Русија и Украина е неизбежно, тоа е прашање на време

Sase Ivanovski

Релиќ со нов сребрен медал и поблиску до Олимпијадата во Лос Анџелес 2028

Sase Ivanovski

МОН: Научното дело „Македонски дијалектен атлас“ ја доби државната награда „Гоце Делчев“ за 2025 година

Sase Ivanovski

Сообраќајка на патниот правец Дебар – Струга, сообраќајот во прекин во двата правци

Sase Ivanovski

Министерството за економија одзело седум лиценци за кабареа и две за дискоклубови

Sase Ivanovski

Доделена државната награда „Гоце Делчев“ за 2025 година

Sase Ivanovski

Филипче: Гоце Делчев кажал дека сме поделени како нација, ние тоа го сведочиме и денес, повеќе од еден век подоцна

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова: Делчев беше и ќе биде дел од нас, од нашата историја, сегашност и иднина

Sase Ivanovski

Започна изградбата на автопатот Тетово- Гостивар, владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ инвестира во развој на Македонија со цел подобрување на квалитетот на граѓаните

Sase Ivanovski

Тошковски: Делото на најголемиот македонски великан Гоце Делчев нè потсетува дека љубовта кон Македонија се докажува со дела

Sase Ivanovski

Филипче за најавените протести на ДУИ: Правото на протест е загарантирано, но не смее да се злоупотребува

Sase Ivanovski

Филипче: Во СДСМ тече процесот за избор на најдобрите кандидати за локалните избори

Sase Ivanovski

Филипче: Пораките на Гоце Делчев денес се поактуелни од кога било

Sase Ivanovski

Во Радовиш приведени две лица сторители на 14 тешки кражби

Sase Ivanovski

Манасиевски: 215 белосветски криминалци добија македонски пасоши во време на Заев, на тоа ли мисли Филипче кога вели треба да се учи од него?

Sase Ivanovski

Меѓународна научна конференција по повод 80 години од кодификацијата на македонскиот јазик

Sase Ivanovski

Македонски Концепт до Европскиот Парламент: Време е ЕУ засекогаш да расчисти со етничкиот шовинизам од 19-тиот век во свои редови

Sase Ivanovski

Царинска управа: Во април наплатени 190,4 милиони евра, за речиси 13 милиони евра повеќе од лани

Sase Ivanovski

Погледнете што направи Суле…

Sase Ivanovski

Тунелот Лаз, кој е најдолг во Србија ќе биде завршен до 28. јуни, ќе го забрза патувањето и ќе влијае на развој на туризмот…

Sase Ivanovski

За улогата на фудбалските агенти во светот на фудбалот, денеска во 16:15 на Телма📺, со Хари Хоџиќ – лиценциран ФИФА фудбалски агент

Sase Ivanovski

Скапотија, ѓубре, неисчистени гробови, „кратка хорор приказна е погреб во Македонија”

Sase Ivanovski

Фаризи за ТВ 24: Ахмети го држи на „готовс“ членството

Sase Ivanovski

На само 1500 метри од македонско-албанската граница се наоѓа прекрасното село Радожда во кое е лоциран и ресторанот Летница, кој на своите гости им пружа угостителски услуги повеќе од 35 години

Sase Ivanovski

Британски „Телеграф“: Путин го тестира трпението на Трамп

Sase Ivanovski

Во Битола затекнати 23, а во Охрид шест малолетници после 24,00 часот, во Велес евидентирана прегласна музика

Sase Ivanovski

Мицкоски: Борбата и делото на Гоце Делчев за Македонија се безвременски, така и ќе остане за следните генерации

Sase Ivanovski

Филков: Измените на законите за Судски совет и Јавно обвинителство се готови

Sase Ivanovski

ИНПМ: И СО НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЕНЕРГЕТИКА НА УДАР Е ПРИВАТНОСТА НА ГРАЃАНИТЕ!?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Покрај минималец од петстотини евра, ССМ бара сите останати плати да бидат зголемени за 100 евра

Sase Ivanovski

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: МВР И НАДЛЕЖНИТЕ ОРГАНИ ДА ГО СПРЕЧАТ АХМЕТИ ДА ПРЕДИЗВИКА БЕЗБЕДНОСНА КРИЗА

Sase Ivanovski

КРИВИЧНА ПРИЈАВА – ОВА ГО ИМА САМО ВО ШУТКА: НЕКОЈ ПОЧНАЛ ДА ГРАДИ ЗГРАДА НА ТУЃО ЗЕМЈИШТЕ?!?!

Sase Ivanovski

Пред 80 години, војниците на Црвената армија го ослободија Берлин и го издигнаа чеканот и српот над Рајхстагот, означувајќи го конечниот пораз на нацистичка Германија и крајот на фашистичката тиранија во Европа

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) 33 ГОДИНИ ОД СТРАШНОТО ЗЛОСТОРСТВО ВО ДОБРОВОЉАЧКА ВО САРАЕВО

Sase Ivanovski

Се преврте автобус на автопат во Хрватска: Има загинати и повредени

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Александар Николоски: Македонија и Скопје на авиомапата на Барселона и Лион

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Центрите за податоци играат клучна улога во нашите животи

Sase Ivanovski

Денеска се навршуваат 45 години од смртта на Јосип Броз Тито

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Акција за бесплатно одлагање на кабаст отпад во Кисела Вода се претвори во небезбедно одложен отпад на улица поради несовесни граѓани

Sase Ivanovski

Се одбележуваат 122 години од смртта на Гоце Делчев

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Александар Николоски: За две и пол години ќе имаме нов автопат од Тетово до Гостивар

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Џордан Петерсон: До 35-тата година треба да бидете доволно паметни за да ги знаете овие 6 работи

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Џорџија Мелони: „Ослободете ја Африка од колонијализмот“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Животот не е за освојување на секој поен – мудроста на Роџер Федерер

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Најголемата разлика помеѓу оние кои успеваат и оние кои остануваат заглавени?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Аргумент плус – Разговор со Солза Грчева

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Бугарите од соседството редовно ја посетуваат Струмица во потрага по пониски цени и малку забава

Sase Ivanovski

Притвор за осомничен кој го запалил станот во кој живееле неговата сопруга и детето

Sase Ivanovski
Вчитувам....