Полицијата објави и видео од моментот на апсењето, на кое се гледа бруталната интервенција против осомничениот и неговиот помошник. Двајцата се приведени и обвинети за соучесништво во тешко убиство.
29-годишен припадник на Единицата за почесна заштита, кој воедно го обезбедува и хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, е уапсен под сомнение дека извршил двојно убиство во гаража во Загреб.Според информациите од хрватската полиција, тој ги ликвидирал 30-годишна жена и 38-годишен маж, за кое се сомнева дека е нарачано убиство, а потоа, како ништо да не се случило, заминал на работа во Пантовчак.
Полицијата објави и видео од моментот на апсењето, на кое се гледа бруталната интервенција против осомничениот и неговиот помошник. Двајцата се приведени и обвинети за соучесништво во тешко убиство.Според кривичната истрага, убиството се случило на 13 јуни околу 18:15 часот, кога војникот пристигнал со мотоцикл до станбена зграда на улицата Црна вода во Загреб. Таму се сокрил во гаражата, чекајќи ги жртвите. Откако парот се појавил и се качил во автомобилот, осомничениот се доближил од страната на возачот и испукал неколку куршуми кон нив.
По извршеното злосторство, го земал оружјето и избегал со мотоцикл. Неколку улици подалеку го чекал неговиот 31-годишен помошник, кому му го предал мотоциклот, а од него го зел автомобилот со кој веднаш продолжил кон Пантовчак на своето работно место.Мотоциклот подоцна бил паркиран пред зградата каде што живее осомничениот. Полицијата успешно ги лоцирала и уапсила двајцата, а случајот отвори лавина реакции во хрватската јавност поради фактот дека убиството го извршил човек кој секојдневно е во близина на шефот на државата.