Карл Улф Стуре Лундстром во 2009 година, заедно со уште тројца соработници, беше осуден на затворски казни од четири до десет месеци и плаќање на вкупна парична казна од 46 милиони шведски круни (5,4 милиони евра) поради штетата нанесена на музичката и филмската индустрија. Шведските медиуми јавуваат дека во авионска несреќа на Велика Планина во Словенија загинал шведскиот бизнисмен и поранешен политичар Карл Улф Стуре Лундстром. Тој беше познат и како основач на познатата интернет-страница The Pirate Bay, пренесува Н1. Неговата компанија Rix Telecom во периодот од 2003 до 2005 година обезбедувала опрема, сервери и поддршка за веб-страницата која пред 20 години беше најголем извор за бесплатно преземање филмови и музика, а подоцна и видеоигри. Карл Улф Стуре Лундстром во 2009 година, заедно со уште тројца соработници, беше осуден на затворски казни од четири до десет месеци и плаќање на вкупна парична казна од 46 милиони шведски круни (5,4 милиони евра) поради штетата нанесена на музичката и филмската индустрија.
Издавачите ја поздравија пресудата од 2009 година како симболична победа над пиратеријата. Овој 64-годишник беше дел од една од најбогатите шведски семејства која ја основала компанијата Wasabröd, позната по производството на крцкав леб. Во 1982 година, компанијата ја купил швајцарскиот фармацевтски гигант Sandoz. Член на крајнодесничарската партија Алтернатива за Шведска Карл Улф Стуре Лундстром беше член на расистичка организација која подоцна се трансформирала во Шведските демократи. Многу пати, Лундстром јавно го негираше холокаустот. Во 2018 година, Лундстром се приклучил на крајнодесничарската партија Алтернатива за Шведска, а во 2021 година се кандидирал како нејзин кандидат. Партијата веќе потврдила на Facebook дека нејзиниот член починал. Извор: Новинска агенција МЕТА