Mладиот човек патувал во странство, барем така им кажал на лекарите кои го поврзуваат како причина за инфекцијата, бидејќи досега во Албанија не се идентификувани случаи на мајмунски сипаници или барем не се пријавени случаи од Институтот за јавно здравје.
Симптомите на оваа болест се треска, болки во телото, отечени лимфни јазли, црвенило и осип што се претвораат во плускавци со кора.Тие обично се појавуваат на рацете, лицето и гениталиите. Мајмунските сипаници се шират преку директен контакт со заразени лица, како што е контакт кожа на кожа или интимен однос. Но, едно лице може да се зарази и преку контакт со контаминирани предмети како што се чаршафи, крпи или облека.