Белата куќа и Министерството за одбрана внимателно ги следат потенцијалните закани кон воздухопловната база Ал Удеид во Катар, американски објект, изјави денеска висок функционер на Белата куќа.
-Белата куќа и Министерството за одбрана се свесни и внимателно ги следат потенцијалните закани кон воздухопловната база Ал Удеид во Катар, рече функционерот.Иран се закани дека ќе им возврати на САД по нападот врз неговите нуклеарни постројки. Неколку земји претходно денеска ги предупредија своите граѓани во Катар да преземат мерки за својата безбедност.