Со изложба и концерт вечерва во Белград ќе биде отворен за посетители Македонски културно-информативен центар. На изложбата ќе бидат претставени дела на 24 уметници. „Овие автори одамна им се познати на љубителите на ликовната уметност. Тие се директна нишка или еден вид мост што ги поврзува српската и македонската култура и уметност“, изјави за „Политика“ Васко Шутаров директор на Македонскиот култиурно-информативен центар. Според него, Културно-информативниот центар (КИЦ Белград), Здружението на македонски уметници во Србија, „Галерија М“ и Фондацијата „Нушиќ“, за изложбата собрале 50 дела на уметници од сите генерации од кои најголем дел од својот живот го поминале во Белград. Во музичкиот дел ќе настапи женскиот младински хор „Менада“ од Тетово, под диригентство на Ивица Зориќ. Во педесетминутната програма ќе изведат духовни песни, а на репертоарот ќе има и македонски евергрини. Хорот долги години гордо ја носи титулата „Амбасадор на македонското хорско пеење“, претставувајќи ја музичката култура на земјата на најрепрезентативно ниво, на сите светски музички подиуми.
„Хорот постои од 1981 година, а неговиот репертоар вклучува повеќе од 500 дела од ренесансна, класична и современа музика. Тие го негуваат македонското народно наследство, зачувувајќи ја духовната традиција преку песната. Нивниот опус вклучува и модерни аранжмани на зимзелени композиции. Маестро Ивица Зориќ, основачот и актуелен диригент на хорот „Менада“, има организирано повеќе од илјада концерти на класична музика, а за долгогодишната успешна работа е награден со значајни државни награди, меѓу кои и наградата Свети Сава“, изјави Васко Шутаров, директор на Македонскиот културно-информативен центар во Белград. Настанот е спонзориран од Амбасадата на Република Северна Македонија во Србија и македонското Министерство за култура и туризам.
Во 2022 година на седница на македонската влада беше утврден Предлог-законот за ратификација на Спогодба меѓу македонската и српската влада за основање културно-информативни центри во Белград и во Скопје. Културните центри, согласно политиката на добрососедство придонесува за популаризација и презентирање на традицијата, културата и уметноста. Таквите центри овозможуваат навремено и изворно информирање на граѓаните за актуелните културни текови во двете држави односно претставува мост за зближување и заемно запознавањ