Фото: Quentin Jones / DPIE / CC
Белорусија и Кина се договорија да организираат заедничко производство на електрични возила во Белорусија, изјави министерот за економија Александар Червјаков по посетата на белоруската делегација на Пекинг.
Тој рече дека одреден број компании дале согласност за организирање на производство на електрични возила во Белорусија, соопшти прес-службата на белоруската влада, пренесе руската агенција „РИА Новости“. За време на посетата на Кина беа решени и прашањата за опремување на Националниот аеродром во Минск, постигнати се договори за набавка на 15 железнички локомотиви, како и четирикратно зголемување на бројот на дозволи за белоруски возила кои превезуваат стока во Кина, истакна Червјаков.