Федералната полиција на Брисел утрово спроведе 21 истрага во Белгија поради сомневање за корупција во рамките на Европскиот парламент, пишува белгискиот весник „Лесоар“. Според весникот, околу 100 истражители од федералната судска полиција, по налог на финансиски иследник и федералното обвинителство, претресле 21 адреса во регионот на Брисел, Фландрија, Валонија, како и во Португалија.
-Можеме да потврдиме дека имаме тековна истрага за прелиминарните обвиненија за активна корупција, фалсификување документи, перење пари во Европскиот парламент – потври портпаролот на белгиското обвинителство.