Министерството за внатрешни работи веќе има осомничени лица и наскоро се очекува брза акција, одговорност и кривични пријави во согласност со законот. Искршени прозорци, потписи по ѕидови, уништени врати и хидранти. Ваква е сликата утрово во новата детска градинка која се гради во Бутел, а која сè уште не е пуштена во употреба. Од општината информираат дека е направена голема штета на објектот кој е нов, а кој според планираното, требало да биде пуштен во употреба во септември годинава.
„Министерството за внатрешни работи веќе има осомничени лица и наскоро се очекува брза акција, одговорност и кривични пријави во согласност со законот. Направена е голема штета во новата градинка. Градоначалникот Дарко Костовски најостро ги осудува сите акти на насилство и вандализам. Срамните сцени на вандализираната детска градинка се недозволиви“, наведено е во реакцијата од општината.

Во неа се упатува апел до сите граѓани да не го уништуваат, туку да го чуваат тоа што макотрпно се гради со заеднички пари на граѓаните и изразува надеж дека ова насилство не е израз на политика.„Во Бутел се градат две нови детски градинки, со кои ќе се реши проблемот за згрижување на дечињата и ќе се исполни најголемото барање на граѓаните“, се додава во соопштението. Извор: Новинска агенција МЕТА