Три лица загинаа, а четири се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила во 1 часот и 30 минути по полноќ, објави РТС. Станува збор за верижен судир на три возила.
Загинал возачот на автомобил како и двајца романски државјани, од кои едното осумгодишно дете. Уште едно дете на слична возраст и две жени од Романија, како и сопатничка од Србија се полесно повредени и денеска ќе бидат пуштени од лекување во болницата во Кладово. Како што потврдија за РТС од Министерството за внатрешни работи, во верижниот судир учествувале три возила.