Oва е најголемата организирана потрага по дете што се случила во Германија и се трага по по исчезнатото шест годишно момче Аријан, пишува германски Билд. Во неделата, 800 помошници формираа некоку групи од граѓани и пребараа површина од околу 15 километри. Никој од нив не сака да ја изгуби надежта дека ќе го најде момчето живо. Сепак, портпаролот на полицијата Хајнер ван дер Верп вели:
„Дојде време кога треба реално да ја погледнеме ситуацијата“. Тоа значи дека сите 250 распоредени војници ќе се вратат во своите касарни, а полицијата самата ќе ја продолжи потрагата, пишува германски Билд.
Според портпаролот, полицијата повеќе нема да пребарува сеопфатно, туку врз основа на нови индиции. „Повторно најдовме траги во текот на викендот“, изјави портпаролот на полицијата во понеделникот. Отпечатоците може да бидат и од маж. Вториот правец на потрагата е насочен кон реката Осте. Таму итните служби ја пребаруваат областа со чамци, дронови и со помош на кучиња.
„Бараме момче кое не би се појавило дури и кога бевме во негова близина. Ситуацијата е драматична. Сите области беа претресени, некои повеќе од еднаш. „По се` останавме со празни раце“, изјави портпаролот на полицијата Ван дер Верп.
Премиерот на Долна Саксонија, Стефан Вајл, им се заблагодари на итните служби и рече:
„Ова е тешка ситуација и за нив – свесен сум за тоа. Особено сочувствувам со родителите на Аријан, кои се во неподнослива ситуација меѓу стравот и надежта.
Внимателно ќе се проверува и областа околу реката Оста на северот на Долна Саксонија. Осте е лева притока на реката Елба долга 1.165 километри. Билд јавува и дека активно се пребаруваат рововите во близина на местото каде последен пат е виден Аријан. Полициска коњаница од Хановер пристигнала на местото на настанот и ја чешлала блиската шума. Покрај тоа што качените полицајци имаат подобар поглед на теренот, постои надеж дека коњите би можеле да го привлечат шестгодишното дете. Полицијата и пожарникарите изјавија дека времето не е во корист. Ноќта кога исчезнал, надвор било минус два Целзиусови степени. Следната вечер температурата исто така била под нулата и многу врнело.
„Областа околу домот на семејството на Аријано беше претресувана неколку пати. После сето тоа останавме со празни раце“, додаде ван дер Верп.
Премиерот на Долна Саксонија, Стефан Веил, им се заблагодари на сите работници на итната помош кои учествуваа во потрагата по шестгодишното дете.