Деца во градинката „Брајт Кидс“ во градот Киаукс јужно од Мандалеја, спиеле кога во петокот попладне удри разорниот земјотрес во Мјанмар. Двокатната зграда се срушила а десетици малечки на возраст од 2 до 4 години спиеле и останале заробени во рушевините. Со часови спасувачите ги прекопувале руините, очајнички трагајќи по преживеаните.
Девојчето е меѓу 12-те деца кои се спасени заедно со четири воспитувачки. За жал, 16 деца и воспитувачки се пронајдени мртви. По силниот земјотрес во Мјанмар, Светската здравствена организација (СЗО) прогласи највисоко ниво на вонредна состојба. Итно се потребни осум милиони долари (7,4 милиони евра) за да се спасат животи и да се спречи појава на болести во следните 30 дена, соопшти СЗО. Многу од повредените се изложени на висок ризик од инфекции поради ограничениот медицински капацитет во сиромашната земја.