Акцијата била спроведена како во повеќе делови на Грција, така и во Германија каде што била активирана европска истражна наредба преку судските власти и Eurojust, додека од Атина било испратено и барање до САД за правна помош.
Во првата криминална организација, активна од 2022 година, биле вклучени 36 лица, од кои 32 се уапсени, а останатите четворица се идентификувани и се бараат во Германија и Грција.Членовите на организацијата со помош на соодветни средства и детектори за метал вршеле нелегални ископувања со цел откривање и кражба на археолошки предмети, а антиквитетите нелегално ги пренесувале во странство.Дел од втората криминална организација, активна од декември 2023 година, главно во северна Грција, биле десет лица од кои седум се уапсени, а по останатите се трага.Сите уапсени биле изведени пред јавен обвинител во Солун.