Преговорите меѓу делегациите на Соединетите Американски Држави и Кина за царините ќе продолжат денеска во Женева, потврди неименуван функционер запознаен со текот на преговорите. Засега нема индикации дали е постигнат напредок за време на средбата меѓу американскиот министер за финансии Скот Бесант и кинескиот потпретседател Хе Лифенг, на преговорите што започнаа во саботата и траеја повеќе од десет часа, пренесе АП.
Разговорите се одржуваат во вилата на швајцарскиот амбасадор во Обединетите нации во Женева, при што Хе Лајфнг и Скот Бесант се сретнаа во градот по неколкунеделните зголемени тензии околу царините за стоки меѓу двете најголеми светски економии кои беа зголемени на повеќе од 100 отсто.