Не сум ниту русофил, ниту русофоб. А, уште помалку болшевик. Но, си земам за право, да мислам за себе дека сум човек со став и мислење што сум ги изнесувал јавно, и кога требало и кога не требало. За второто сум платил висока цена, особено како новинар, судрувајќи се (дури и по судови!) со некои охридски моќници, кои, криејќи се зад моќта “на другарот Лазо” (Колишевски) жареа и палеа во политиката и стопанството.
На еден од конгресите на СКМ, оној кога го биравме Петар Гошев, прв го отворив прашањето за “деколешевизација на Македонија” (стигнав на насловната страница на тогашен НИН), не од аспект на омаловажувањето на револуционерниот придонес на Колишевски (неговата ќерка Ирма, како студент по журналистика, летната ферија, ја одржуваше токму во Радио Охрид, каде бев директор и глоавен и одговорен уредник на “Езерски Глас” (после мене згасна!), а подоцна во Пекинг и однесов пратка од мајка и, туку, и единствено од аспект на разобличувањето на охридските и македонските моќници, негови подопашници, кои, во негово име, правеа големи зла (сприсети те се на Sинго од Кратово, на Шапкарот од Охрид…). Потекнувам од семејство и сум роден во куќа, во која, неколку години пред моето раѓање, престојувале најважните раководители, се до Петре Пирузе -Мајски, Владо Малески-Тале, Михајло Апостолски-Дончо….Сите мои од куќата беа со партизаните. И машки и женски. Владо Малески, во еден расказ, опишува како ги прашува годивки (жените и девојките од селото Годивје, во Дебрца), колку чорапи, фанели (џемпери) и шалови, беше, исплеле за партизаните и партизанките. Тие му кажуваат, а тој вели: “е, црвевовочанки, толку направија уште пред еден месец!”. Дедо ми Ангеле, е истиот оној, главен, или, спореден лик од “Волшебното самарче” (кој како милува и од кој агол гледа!), на мојот прв комшија Ванчо Николески, кој “случајно” ми ја посветил песничката: “Воденичарот дедо Веле”, додека, пак, курирчето Трајче, кое Ангеле го води низ тајните на револуцијата и во домот на Владо Малески, во Струга, до неговото доагање во Црвена Вода, е дедо, по мајка, на Бранко Азевски, прадедо на Дејан Азевски.
Како студент во Скопје, бев често во Институтот по историја, тогаш го водеше генерал Михајло Апостолски-Дончо.
Со личен ангажман и помош на Никола Матлиевски – Пашата, пробивме нов пат до Црвена Вода, а на свеченото отворање, како на организатор на свеченоста, ми дојдоа Ванчо Николески (незнам зошто, иако знам, до тогаш не беше стапнат во селото!!!), Михајло Апостолски, општинските раководители на Охрид и други официјални лица. Една година, во мојот дом дојде и тогашниот актуелен претседател Стево Пендаровски. Како шеф на државата ми го освети домот, а кога му ги кажавме сите факти за селото, како место на зародиш на се што е денедска атрибут на Македонија и македонската државност и опстојност (и улогата ма моето семејство во тоа), постави едно вакво, едноставно прашање:Веле, после сето ова што го чув, како е можно, јас, после толку децении, да сум првиот претседател на Македонија, кој дошол во Црвена Вода ( а ги имавме, како што знаете, и од нашата Дебрца!!!), на што му одговорив, со често користената мисла – прашање, од дедо ми Ангеле: “да не беше така, не ќе беше вака”!?Затоа, е можно е Претседателе!
Во Црвена Вода, Пендаровски, говореше на собирот по повод годишнина од издавањето на Манифестот до македонскиот народ на Главниот штаб на НОВ и ПОМ, првиот докумемент, воопшто, печатен на македонски јазик во партизанската печатница во Црвена Вода. Со сета почит кон Претседателот како шеф на држава и докажан НАТО лобист, во моето обраќање, изговорив нешто кое малку се изговара, особено денес во Македонија, нешто научено лично од Михајло Апостолски. Кога од Црвена Вода, после долгиот марш, партизанските единици стигнале во Егејска Македонија, први што ги прифатиле, нахраниле и пееле заедно македонски песни, биле борците од Руската чета, составена од осуденици и затвореници, кои успеале да побегнат од затворите и да се засолнат по македонските села во денешна Елада. Кој не ми верува, нека ја прочита романизираната биографија на Апостолски од Коце Солунски. Не беше лесно, тој чин и тие зборови да се изустат пред еден Стево Пендаровски, со целиот негов про -натовски габарит, но јас го сторив тоа, како долг кон историјата и вистината. Ако тогаш не ме разбрал, еве прилика за нов впечаток!
“Kако е можно”?
Во чест на првиот селски комишија, преку здружението МАЦКОВО ( тоа е селото од каде дошле претците на Ванчо Николески во Црвена Вода), веќе седма година, го органиозираме Балканскиoот поетски камп за деца и млади “ Ванчо Николески”. Се реализира, во втората половина на август, секоја година, трае три дена, со почеток на 22, или 24 август, во зависност од тоа кога е официјалниот почеток на “Струшките вечери на поезијата”, манифестација со која имаме традиционална соработка, додека нашите учесници се и нивни гости и ги проследуваат манифестациите за кои се заинтересирани. Одржувањето е поткрепено со внимание и финансиска поддршка, пред се, на општина Охрид, како и со перманентната медиска поддршка во земјата и надвор. По наша и оценката на јавноста, проектот се реализира успешно, за што потврда се бројните објави, порастот на бројот на учесниците, ширењето надвор од Балканот (2022 со учесници од Украина), како и поддршката од најрелевантни институции. Покрај од УНЕСКО, преку покровителството на Светската академија на поезијата, со седиште во Верона, општините Охрид, Струга, Вевчани и Дебрца, како и институцијата – Претседател на Северна Република Македонија, претходно, Стево Пендаровски, сега, Гордана Сиљаноска Давкова.
Се одржува во Лескоец кај Охрид (официјален почеток во ЦОУ “Ванчо Николески”),потоа во Охрид, Белчишта – Општина Дебрца, Струга, Вевчани, како и Црвена Вода, родното место на Ванчо Николески, родоначалникот на литературата за деца и млади – пред неговата родна куќа и во “Спомен собата” на писателот во училишната зграда.
Е сега, како е можно, Министерството за култура, да го однбива повој проект!? Еднаш со образложение: “не е традиционален!”, лани “дека освоил 49 бода, а требале 51”, годинава – еуште не сме добиле писмено образложение – зошто е одбиен, а догодина, и никогаш потоа – НЕМА ДА КОНКУРИРАМЕ!!!
Дали е можно. Е, па можно е драги претседатели (Пендаровски- Сиљановска – Давкова).
Зошто е можно?
Е, па, да не беше така, не ќе беше вака!!!
Веле Митаноски