На барање на надлежните органи на САД и Канцеларијата на Американското Федерално истражно биро (ФБИ) во Белград, во Котор е уапсен американски државјанин баран во родната земја за убиство, јавува „Јуроњуз“.
Уапсениот, чии иницијали се Р.Х.В., се бара за да се обезбеди негово појавување во кривичната постапка што се води против него во Вишиот суд во Лос Анџелес, по две точки од обвинението за тешко убиство и две точки од обвинението за заговор за извршување на споменатите убиства, објасниле од ФБИ. Во полициското соопштение се наведува дека апсењето на американскиот државјанин е резултат на тесна оперативна соработка меѓу Интерпол Подгорица и Канцеларијата на ФБИ. Уапсеното лице, се додава, ќе биде изведено пред истражен судија во Вишиот суд во Подгорица за да се определи екстрадициски притвор.