Триесетина повредени во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ се на рехабилитација во кочанската Општа болница. Директорката на болницата, Кристина Серафимова вели дека медицинскиот персонал дава третмани на три категории пациенти, тие со повреди на мускулите, со изгореници и со потешкотии при дишењето, сите настанати од пожарот во дискотеката
„Тие се распоредени на Одделенијата за неврологија, на специјално подготвена сала со реквизити и на Оддел на хирургија. Со нив работат физиотерапевти и тројца доктори физијатри. Нивната здравствена состојба е стабилна“, рече Серафимова. Таа додаде дека како во наредниот период ќе се враќаат пациентеи од лекување од странство или во домашните болници, тие ќе ги примаат за потребната рехабилитација.