Денеска во Крушево се одбележува 44-от роденден на трагично загинатата македонска и балканска поп-рок ѕвезда Тоше Проески. По тој повод во неговиот роден град е организирана пригодна програма со наслов „Ангел си ти“, наречена по неговата истоимена песна со која тој ја претставуваше државата на Евровизија во 2004 година во Истанбул.
Тоше Проески загина во собраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година во близина на Нова Градишка во Хрватска. На одбележувањето на неговиот роденден во Крушево беше присутен и министерот за култура и туризам Зоран Љутков, кој ја посети Спомен куќата на Тоше Проески и положи свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште.