Оваа година, победникот на државното првенство и претставник на светското првенство во друштвената игра Катан е „Давид Јанев“, кој што направи одлични успеси од коло фазите, па се до финалето. Оваа недела во културниот центар Лабораториум се одржа Држаното првенство во популарната друштвена игра „Катан“ коешто беше организирано од „Гоблин Друштвени игри“. На првенството право на учество имаа 64 учесници коишто се натпреваруваа да станат државен првак и да ја претставуваат Македонија на Светското првенство коешто ќе се одржи во Штутгарт (Германија) од 4-6 април.
Оваа година, победникот на државното првенство и претставник на светското првенство во друштвената игра Катан е „Давид Јанев“, којшто направи одлични успеси од коло фазите, па се до финалето. „The Settlers of Catan“ (сега познато само како „Catan“) е друштвена игра дизајнирана од Клаус Тојбер и првпат објавена во Германија во 1995 година од страна на Kosmos. Играта брзо стана глобална сензација, воведувајќи нов стил на стратешко друштвено играње што комбинира управување со ресурси, трговија и територијална експанзија. Во „Catan“, играчите собираат и разменуваат ресурси (тули, дрво, жито, руда и овци) за да изградат патишта, населби и градови, додека се натпреваруваат да стигнат до 10 поени за победа. Нејзината модуларна табла, составена од хексагонални плочки, обезбедува уникатно искуство во секоја партија. Успехот на играта доведе до повеќе проширувања („Seafarers“, „Cities & Knights“, „Traders & Barbarians“ и други), дигитални верзии, па дури и динамична компетитивна сцена. Денес, „Catan“ се смета за една од највлијателните модерни друштвени игри, која помогна во популаризацијата на жанрот „Eurogame“ низ целиот свет.