Електраната се наоѓа недалеку од Киев, и произведува околу 57% од енергијата потребна за снабдување на регионот Киев со електрична енергија. Рускиот ракетен напад беше извршен рано утринава со проектили и беспилотни летала, а цел на руските сили беше украинската енергетска инфраструктура.
Центренерго, компанијата која управува со термоцентралата, соопшти дека централата е „целосно оневозможена“, додавајќи дека сите работници на смена за време на нападот преживеале.
Трафостаници и други електрани беа оштетени во најмалку пет украински региони, а најмалку 200.000 луѓе во регионот Харков останаа без струја.Руското Министерство за одбрана објави дека во текот на ноќта руските сили погодиле нафтена, гасна и електро енергетски постројки во „масовни удари“ во Украина. Москва соопшти дека користела оружје со голем дострел и висока прецизност и беспилотни летала во нападите.