Во останатите скопски општини бројките се релативно помали, во Кисела Вода се пријавени 72 дивоградби, а во Чаир 47.Според податоците на Државниот завод, во општина Сарај нема ниту една градба која е бесправно изградена и бројот на пријавени дивоградби е нула.
Од вкупно 80 општини низ Македонија, во периодот од 2019 до 2023 година се пријавени над 3.700 бесправно изградени објекти, најчесто огради, но и цели објекти.
Сепак, овие бројки се базираат исклучиво на податоци што ги пријавуваат самите локални самоуправи, а реалната состојба на терен веројатно е многу поразлична, каде реалниот бројот на постоечки дивоградби, пријавени и непријавени, е поголем.