Техничките консултации меѓу САД и Украина за договорот за минерали што нема да се меша со другите економски обврски на Киев ќе започнат во Вашингтон од утре, петок, изјави во четвртокот украинската вицепремиерка Олга Стефанишина. Говорејќи пред новинарите во Брисел, Стефанишина рече дека тимовите на САД и Украина ќе се сретнат во петок и го повтори ставот на Киев дека каков било потенцијален договор нема да се коси со обврските поврзани со помошта од Европската унија или Меѓународниот монетарен фонд.
„Ништо не може да се преговара со Украина на начин што ги поткопува постоечките обврски што ги има Украина, вклучително и финансиските“, рече таа и додаде: „Ова е нешто што не е предмет на никаква форма на преговори“.
Администрацијата на Трамп претстави поопширен нацрт на договорот, ревидирајќи го својот првичен предлог и со цел повластен пристап до подземното богатство на Украина, објави Ројтерс минатиот месец.