Истите ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка изутрина, бидејќи судијата одбил да ги сослуша уште вечерва, дознава Инфомакс.
Неофицијално се работи за предмет поврзан со проектот “Скопје 2014” отворен уште од СЈО од обвинителот Љубомир Лапе а потоа го превзема обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.Неофицијално овие приведувања се поврзани со проектот Скопје 2014, односно поради сомневања за перење пари при набавка на опрема за мостот „Око“.
Оваа истрага е отворена уште од времето на Специјалното јавно обвинителство, а според поранешни сознанија на САКАМДАКАЖАМ.МК, главните докази низ годините се обезбедуваа во Италија, каде што беа лиени безбројните споменици, кои тогашната власт на ВМРО-ДПМНЕ преку Владата н чело со Никола Груевски и преку Општина Центар, ги вадеа преку ноќ како од фабричка лента.Овие кривични дела каде што е оштетен Буџетот не застаруваат неколку децении