МАКТЕЛ

     

ВО ПРВИОТ ИСКАЗ РЕКОЛ ДЕКА ПАЛЕВСКИ ГИ ИЗВРШИЛ УБИСТВАТА, ВО ВТОРИОТ НЕГИРАЛ СЀ Боре Видевски негира дека е вмешан во убиствата на Вања и на Панче

      

„Го прашав Палчо зошто го стори тоа, молчеше. Го запаливме ‘цитроенот’. Во партија пак го прашав ‘Зошто го стори тоа, не беше договорот да ја убиеме’, рече ‘да помине време, ќе бараме откуп од семејството’“, се наведува во записникот од исказот на Боре даден на 4 декември 2023 година во Обвинителство. Бидејќи обвинетиот Боре Видевски на претходното рочиште негираше вина за грабнувањата и убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски, обвинителите побараа да се прочитаат неговите искази дадени во Обвинителството на 4 и на 21 декември 2023 година. Во записникот од испитување на Боре од 4 декември 2023 година тој вели дека останува на сѐ што кажал во полиција. „Целата ситуација се договорила без јас да знам. Велибор ми спомна дека ќе се бараат пари, јас бев во криза и се согласив. Четворицата се договоривме да се земе колата на Панче, но да остане жив. Го грабнавме и отидовме до селото Рудник, го извадивме, го ставивме во грмушките. Јас и Влатко се вративме назад, а Палевски и Манев останаа кај дупката и слушнав истрел. Велибор го предложи Панче, оти му должел пари. Го грабнавме од дома, јас го удрив, тој падна, а Велибор го врза. Палчо му ги зеде клучевите и телефонот. Со ‘цитроенот’ и со ‘реното’ отидовме кај Рудник. Сите четворица го однесовме кај ископаната дупка. Јас и Влатко се вративме, и како што кажав, слушнав истрел. Се свртев и го видов Палчо со пиштол во рацете.

Во Скопје го прашав Палевски зошто го стори тоа. Рече дека така е почисто. Во неделата ми се јави Велибор да одиме во Скопје, оти требало да се грабне девојката. Таму Палчо ми кажа дека бил известен од таткото на девојчето дека утре ќе оди на училиште сама, треба да се грабне и да се однесе. Планот беше да бараме откуп и да ги поделиме парите. Тргнавме на 27.11 кон Радишани, каде јас и Влатко се преместивме во ‘цитроенот’. Палчо ни кажа во која зграда да одиме, ни рече да го земеме девојчето, знаеше во кое време точно ќе излезе. Ја отворивме вратата со шрафцигер. По пола час девојчето излезе, Велибор ѝ ја врза устата и ѝ рече да не вика оти ќе ја убие. Велибор ја стави девојката во гепекот, ѝ го зедовме телефонот. Палчо ни рече да го уништиме, Велибор го удри телефонот два пати со чекан, и јас го удрив. Стигнавме во Бразда, го отворивме гепекот, девојчето беше во вреќа. Палчо почна да ја прашува како се вика, кои ѝ се родители, каков имот има. Девојчето одговори дека татко им не ги сака, ама мајка ѝ сѐ ќе даде за неа. Имаат станови, имоти. Ја извадија од вреќата, слушнав истрел. Се доближив, девојчето лежеше во дупката, која не знам од каде се создаде таму. Велибор ја закопуваше. Го прашав Палчо зошто го стори тоа, молчеше. Го запаливме ‘цитроенот’. Во партија пак го прашав ‘Зошто го стори тоа, не беше договорот да ја убиеме’, рече ‘да помине време, ќе бараме откуп од семејството’.

   

После тоа си отидов во Велес и видов на мрежите дека девојчето се бара. Не знам колкав дел од парите јас требаше да добијам, не беше договорено. Мислам дека ги уби двајцата со ист пиштол. Неделата вечерта на Палчо му се јави некој. Палчо рече дека тоа беше таткото кој му рекол дека девојчето само ќе излезе утрото“, се наведува во записникот од исказот на Боре даден на 4 декември 2023 година во Обвинителство. Во Записникот од 21.12.2023 е заведено дека Видевски рекол дека нема потреба од лекар и дека немало прекршување на полициските овластувања. „Неделата кога дојде полицијата кај мене, на 3.12, јас бев на пазар. Рекоа дека одиме во ПС Велес, таму ми ги зедоа телефонот и ташничето и ме однесоа во Скопје, во ПС Пролет. Ме симнаа во келија во станицата, ме качија во канцеларија и тогаш почна тортурата. Бев тепан насекаде, освен во главата. Се грижев за трансплантираниот бубрег. Јас не знам кој ме тепаше, претпоставувам дека беа инспектори. Тепањето траеше половина час и се засилуваше. Рекоа дека ако не кажам сѐ што бараат, ќе ми натоварат сѐ. Реков дека со Палевски се познавам неколку години, а со Велибор одамна. Кешишев го знам како готвач на Палевски, а Александар не го познавам. На 22.11 бев на работа. После се прибрав дома, после требаше да одиме на именден кај братот на мојата сопруга. Но, ѝ се слоши на мојата ќерка, отидов во Здравствен дом Велес, сопругата се погрижи за неа оти е медицинска сестра. Отидовме вечерта на гости.

Следното утро отидов на работа. Да појаснам дека јас сум понов на работното место во управната зграда на ЈП Дервен и немам картичка за куцање. Мојата работа беше да ги средувам нарачките. На 22.11 бев цел ден на работа. Во ЈКП Дервен работам со договор на еден месец, а последниот договор ми е на 6 месеци. Не го знам Панче, не го познавам. Во тоа село сум бил пред 10 години. Сакам да кажам дека тоа што претходно го кажав, на минатиот распит, беше од страв, под присила од полицијата. Не сум запознаен со предметните настани и не сум учествувал во нив. Бев исплашен за мојот живот и за моето здравје. Побарав Васко Стојков да ми биде бранител, тој е член на партијата, а бранителот по службена должност го прифатив, но немав доверба во него. Критичниот ден и наредните денови јас контактирав со Манев, можно е и да сме се сретнале. Со Кешишев нема шанси да се видам, освен ако не отидам во партија. На 26 вечерта околу 22.30 часот отидовме во партија, имавме состанок, требаше да организираме конгрес, сакавме да учествуваме на изборите. Велибор е слободен само во недела и затоа во тој ден отидовме да се договараме. Собиравме и потписи против плановите за промена на името на црквата. Вечерта останавме до доцна и си легнавме. Утредента станав во 10, таму беа Палевски, Велибор, Кешишев. Во понеделникот не бев на работа имав земено 2 слободни дена. За тие два дена не поднесов барање за одмор, оти не прават проблем на работа. Не знам колку члена има партијата, имаше 1.500. Не знам со кого контактирал Палевски. Не знаев дека е заминат од Македонија. Повторувам дека реков дека немало пречекорување на полициските овластувања од страв“, е наведено во записникот.

На прашањето зошто токму него полицијата го привела и е осомничен, Видевски рекол дека не знае. Тој негира дека бил на улицата Наум Наумовски Борче во Скопје и дека на 27.11.2023 година се возел во „цитроен“ или во „кангу“. Видевски негира дека Палевски имал оружје. Рече дека не бил во населбите Радишани и Маџари, а во Бразда бил еднаш, во црквата во селото, каде се одржал првиот конгрес на Десна. Адвокатите Бојан Манев, Горан Бошевски и Владимир Туфегџиќ немаа прашања за Видевски на денешното рочиште. Палевски го испрашуваше Боре и тој повтори дека нема врска ниту со „цитроенот“, ниту со делата. – Дали сите наводи на Јавното обвинителство ги негирате во целост? – праша Палевски. – Да – рече Боре. – Дали еден полицаец, на околност оружје, или обвинител во текот на истрагата ве праша дали поседувате оружје? – праша Палевски. – Сигурен сум дека не – рече Боре. – Обвинителството наведе доказ во форма на прашање дека Манев ви пратил слика како Жежовски стои покрај „цитроенот“. Не ви беше чудно што ви праќа таква фотографија на 13.11.2023? – праша Палевски. – Прво реков дека е можно, но не сум сигурен дека ми пратил слика. Но кој било може да ми прати слика по грешка, па многу работи така ги игнорирам – рече Боре. Адвокатот Јовица Страшевски го праша Боре дали му е чудно што во истрагата Обвинителството и полицијата не му ја покажале фотографијата што му ја испратил Велибор Манев. – Точно е, сликата воопшто не ми е покажана, ниту ми е спомната, ниту сум прашан – рече Боре.

  

Најново

Трамп повикува на „безусловно“ 30-дневно примирје меѓу Русија и Украина

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Пропагандни видеа се шират на Фејсбук: Москва е рајот, а европските метрополи пеколот!

Sase Ivanovski

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне и во текот на ноќта дожд

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Драматична потера по напаѓачот од Штип пред Скопје – полицајците пукале откако ја пробил рампата кај Миладиновци

Sase Ivanovski

Секој четврти Британец смета дека Трамп е поопасен од терористичките организации

Sase Ivanovski

САД по прекинот на струја на аеродромот Њуарк ќе го модернизира системот за контрола на летање

Sase Ivanovski

Кошта идната недела тргнува на турнеја по Западен Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манчестер јунајтед и Тотенхем закажаа финале во Лига Европа

Sase Ivanovski

Србија: Гимназиски професор кој ги навредуваше студентите стана државен секретар

Sase Ivanovski

Мерц ќе воведува вонредна состојба за да ја спречи масовната миграција во Германија

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова упати честитка до новиот папа Лав Четиринаесетти

Sase Ivanovski

Томовски: Ако сакаме да бидеме сериозна држава треба да имаме соодветен владин авион

Sase Ivanovski

Димитриевски до Филипче: Самопрогласениот лидер да се занимава со себе и да види да не му се распадне зградата на Бихаќка

Sase Ivanovski

ЗА ВЛАДИНИОТ АВИОН ВЕЌЕ НЕМА РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ Соседните држави не собираат со нивни летала

Sase Ivanovski

(Видео): Овие документи потврдуваат голем скандал во Куманово – Димитриевски и Митевски, со поддршка на ДУИ, заработиле 350.000 евра!

Sase Ivanovski

БИЛ ГЕЈТС ОБЈАВИ КОМУ ЌЕ ДОНИРА 107 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ Си даде рок од 20 години

Sase Ivanovski

Венс: Не би рекол дека Русија не сака прекин на војната, ама тие бараат премногу

Sase Ivanovski

24 Отворено – Политичка драма на повеќе фронтови

Sase Ivanovski

Вин-Вин: Кој е мастер планот за кого игра Таравари? – Интервју со Зијадин Села

Sase Ivanovski

Вучиќ: Остварив многу срдечни средби со разни лидери

Sase Ivanovski

Кога ќе профункционираат спортските објекти во Прилеп ?

Sase Ivanovski

Претрес на адвокатот на Кешишев: Како царот Палчо ги разочара поданиците, по убиствата на Вања и Панче

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова: Саемот на книгата е обид за културен натпревар на народите

Sase Ivanovski

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Крвавата пресметка ги вознемири штипјани

Sase Ivanovski

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Леоне XIV

Sase Ivanovski

Костадинов: Ќе ги рушиме угостителските објекти кои не исполнуваат стандарди!

Sase Ivanovski

„Прв американски папа, каква чест“: Трамп му упати честитки на новиот понтиф

Sase Ivanovski

РУСКА САЛАТА ОД ИЗГОВОРИ Еден по еден му откажуваат гостите на Путин

Sase Ivanovski

Прв говор на новиот папа: На човештвото му е потребен Христос како мост до Бога и неговата љубов

Sase Ivanovski

Новиот владин авион ќе нè чини од 20 до 50 милиони евра, ако сме сериозна држава, треба да имаме соодветно летало“, вели Томовски

Sase Ivanovski

Касами: Таравари ќе биде министер „уште некој ден“

Sase Ivanovski

Американецот Роберт Превост е новиот папа

Sase Ivanovski

(Видео) Пукање во Штип, едно лице убиено, нема информации за повредени

Sase Ivanovski

Родители на починатите во „Пулс“ со писмо до јавноста: Оваа трагедија е масовно убиство и загрозување на човековите животи и безбедноста. Бараме  правна разрешница и одговорност од сите инволвирани лица и институции

Sase Ivanovski

Ворен Бафет на 94 годишна возраст е горд што сè уште е жив со секојдневно јадење на брза храна и пиење кока-кола

Sase Ivanovski

Од ЕКВ и Дисциплина Кичме до Аца Лукас и Мира Шкориќ – „Коцка је бачена“ во МКЦ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филмски факт: Хероината на „Исправи се, Делфина“ меѓу реалноста и фикцијата

Sase Ivanovski

Новата сликовница „Девојчето со форичката“ ги едуцира децата за справување со емоциите

Sase Ivanovski

Утре еко час во „Лазо Ангеловски“ организација УНИЦЕФ и на Шведска

Sase Ivanovski

Изречена е казна затвор од една година за ширење расистички и ксенофобичен материјал кон ЛГБТИ заедницата како припадници на маргинализирана група

Sase Ivanovski

Нова продукциска куќа зад „Д-фест“, фестивалот останува во Дојран

Sase Ivanovski

Медицинска опрема вредна 18,6 милиони евра фаќа прашина по болниците бидејќи нема кој да ја користи

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Во завршна фаза е набавката за новите 120 автобуси, јавниот долг под просекот на ЕУ, се решава недостигот на човечки ресурси во болниците

Sase Ivanovski

Димовска- Касталди: парламентарните служби се клучни за демократија

Sase Ivanovski

Средба Гаши – Фонтана во Рим

Sase Ivanovski

Порака од Рим: Без интеграција во ЕУ на Балканот, ризикуваме создавање на географски вакуум

Sase Ivanovski

Од Скопје до Вол Стрит: Prime Capital by Adora — првата инвестициска консултантска компанија основана со македонски капитал со акредитација во САД

Sase Ivanovski

Томовски: Бројот на општини кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги освои нема да биде само повторен, туку ќе биде и зголемен

Sase Ivanovski

Томовски: СОЗР со неколку нови проекти во интерес на државата и граѓаните

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Скопската полиција на лице место фати криминалци кои краделе во објектите на поранешна Железара

Sase Ivanovski

Вооружени крадци уапсени во кругот на поранешна „Железара“, со пиштоли им се заканувале на вработени

Sase Ivanovski

Гостиварец извадил нож при кавга во продавница, сега ќе одговара

Sase Ivanovski

Газда на фирма од Гостивар ќе одговара за смртта на работник од Бангладеш

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Скопјанец снимен од камера како краде засадено декоративно растение

Sase Ivanovski

Adora Business Group: Со особена гордост го најавуваме новиот стратешки потфат на Adora Business Group — лансирањето на Prime Capital powered by Adora, инвестициска консултантска компанија со седиште на Wall Street во Њујорк, меѓу највлијателните финансиски институции во светот

Sase Ivanovski

Мистерија околу исчезнувањето на 28 годишниот Миле Тодоров

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Хаос во Париз по победата над Арсенал

Sase Ivanovski

Филипче за можна коалиција со ДУИ и Таравари: Ќе разговараме со сите политички партии

Sase Ivanovski

Ангеловска-Бежоска на Kонференцијата на Светската банка: За повисок раст најважно е да се зголеми продуктивноста којашто е околу половина од европската

Sase Ivanovski

Коцевски: Можно е проширување на истрагата за „Пулс“

Sase Ivanovski

Апелација со повисоки казни за обвинетите во „Ласкарци“, сопственикот на „Дурмо турс“ наместо 4 години ќе лежи во затвор 10 години

Sase Ivanovski

Муцунски: Посветени сме на реформите, но очекуваме и Брисел да го исполни она што го вети кон Западниот Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Виктор Грозданов: Извини господине Ахмети ќе се соочиш со вистината која се вика опозиција

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода албански државјанин на Граничен премин Блато поради нудење поткуп

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ поднесе предлог Закон за поддршка на настраданите во трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

(ФОТО) Голем интерес за селекција на отпад во Охрид: Комплетирана иницијативата за селекција како дел од РСУО

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дамир Пух со нов инструментален сингл – „Saffron Skies“

Sase Ivanovski

(ФОТО) Средба на заменикот генерален секретар Ѓошевски со специјалната пратеничка на финското Претседателство со ОБСЕ

Sase Ivanovski

Средба на потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски со претставници од Секретаријатот на Партнерството за отворена власт

Sase Ivanovski

(ФОТО) Герасимовски: Ја отворивме првата градинка во Пролет по 50 години, за најмилите, за нашите дечиња

Sase Ivanovski

Максим Димитриевски: Цел на лагите на СДСМ не сум јас, туку ЗНАМ, како најбрзорастечка партија во Македонија

Sase Ivanovski

Дурмиши: Мерките на Министерството за економија и труд даваат резултат, цените на храната се стабилизираат, посветено работиме на заштита на животниот стандард

Sase Ivanovski

(ФОТО) Филипче: Градинката „Пролет“ е пример како треба да изгледа модерно Скопје – спротивно од кичот на Скопје 2014

Sase Ivanovski

Павле Арсоски Движење ЗНАМ – За наша Македонија во Крушево и Демир Хисар

Sase Ivanovski

(ФОТО) Максим Димитриевски во Долнени и Прилеп: Верувам во политиката што произлегува од теренот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки, до кога ЈО ќе молчи?

Sase Ivanovski

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ треба да го поддржи Законот за Кочани

Sase Ivanovski

Пренџов: ДУИ е партија базирана на ширење нетрпеливост, лаги и манипулации

Sase Ivanovski

(ФОТО) Потпреседателката на ЗНАМ, Бендевска на средба со членовите и симпатизерите во Кавадарци и Неготино

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава против поранешен директор на ЈП „Колекторски систем“ Скопје – Подрачно одделение Охрид за злоупотреба на службената положба и овластување

Sase Ivanovski
Вчитувам....