Во Сараево вечерва, неформална група граѓани организираше парада со автомобили во поддршка на Иран и Палестина. Конвојот автомобили тргна од населбата Илиџа и заврши кај познатата Башчаршија, на платото пред градското Собрание, пишува Н1 телевизија. Автомобилите ги истакнуваа знамињата на Иран и Палестина. Организаторите изјавија дека нивната цел е да покажат солидарност со народите на Иран и Палестина, кои, како што рекоа, „се борат со децении против окупацијата, агресијата и меѓународната неправда“.
„Како граѓани на Босна и Херцеговина, земја која самата претрпе војна, опсада и геноцид, чувствуваме морална обврска да го кренеме нашиот глас во поддршка на оние кои сè уште страдаат од репресија и напади денес“, изјавија од неформалната група граѓани.