Новата исламистичка власт во Сирија денеска побара од жените да носат буркини или „соодветни“ костими за капење на јавните плажи.
– Од луѓето се бара да носат конзервативни костими за капење на јавните плажи или брегови (буркини или костими за капење што го покриваат целото тело). Од пливачите и посетителите на плажата воопшто се бара да носат соодветни костими за капење и да се однесуваат во согласност со јавниот вкус, се наведува во соопштението на сириското Министерство за туризам. Исто така се препорачува надвор од плажите жените да носат широка облека, а мажите да не одат голи до појас. Но, овие ограничувања не се однесуваат на приватните клубови, базени и луксузни хотели.
– Дозволено е да се носат обични западни костими ако се придржуваат до примерно однесување, се посочува во соопштението од Министерството за туризам. Но, во соопштението не е прецизирано дали се предвидени санкции во случај на прекршување на новите прописи. Сирија има преодна влада составена од членови на исламистичката група Хајат Тахрир ал Шам.