26.8 C
Скопје
03/05/2025 12:08
МАКТЕЛ

     

ВО СКОПЈЕ САМО 2 КАБАРЕА РАБОТАТ ЛЕГАЛНО Од 2017 година досега се издадени дури 215 лиценци за ноќни клубови низ целата земја

      

Владата најави робустна акција за утврдување на фактичката состојба со кабареата и со дискотеките, по трагедијата во Кочани во која во ноќниот клуб „Пулс“ избувна пожар во кој загина 59 млади, а 155 беа повредени. Вкупно 24 ноќен бар, кафе бар, кабаре, дискоклуб, дискоклуб на отворен простор во земјава имаат активни лиценци за работа. На 4 од нив лиценците им истекуваат во април, додека две лиценци истекуваат во мај и 3 во јуни. Само две активни лиценци има во Скопје, покажуваат податоците од денеска ажурираниот регистар на издадени лиценци на Министерството за економија. Во овој регистар се впишани 215 фирми што вршеле вакви дејности. На име кабаре се дадени 20 лиценци, 2 лиценци се за дискоклуб и 2 лиценци се за дискоклуб на отворен простор. Од Министерството за економија велат дека во постапка на доделување лиценца се 5 барања. Владата најави робустна акција за утврдување на фактичката состојба со кабареата и дискотеките, по трагедијата во Кочани во која во ноќниот клуб „Пулс“ избувна пожар во кој загинаа 59 млади, а 155 беа повредени. Државнио пазарен инспекторат денеска на целата територија на државата почна акција за контрола на овие дејности. Премиерот Христијан Мицкоски денеска рече дека ќе се затворат сите ноќни клубови кои не ги исполнуваат условите.

– Согласно Законот за угостителство, се лиценцираат кабареа, отворени и затворени дискотеки. Нивната бројка е многу поголема од тие кои имаат законски документ. Во 2007 година е сменет законот, во тие измени документите кои ги доставува правното лице кое бара лиценца, тврди под морална, материјална и кривична одговорност дека ги исполнува условите. Проблемот е што екс-официо не се проверени тие документи. Така што, овој објект од 500 и нешто квадратни метри не може по ниту една основа да биде кабаре и да бара лиценца. Тука е дополнително проблемот правен затоа што за дискотеките сумата која треба да се плати, надоместокот е поголем од тие што се лиценцираат за кабаре. Се истражува и бидете сигурни дека ниту еден објект кој не ги исполнува, како што стои во законот, минимум техничките услови, нема да биде оставен да функционира. Со сиот ризик и критика која потоа Владата ќе ја трпи – рече Мицкоски. Како се добива лиценца? Министерството за економија ги издава лиценците за сите угостителски објекти во кои спаѓаат и лиценците за ноќен бар, кафе бар, кабаре, дискоклуб, согласно Законот за угостителска дејност на 1 година. Угостителот е должен исполнувањето на условите и започнувањето со работа да го пријави на Државниот пазарен инспекторат, на градоначалникот на општината, а во градот Скопје на градоначалникот на општината на подрачјето на градот Скопје според местото и седиштето на објектот, односно според местото каде што се даваат услугите, најмалку 15 дена пред почетокот на работењето на угостителскиот објект. Доколку работи на отворен простор треба да обезбеди и согласност од Министерството за внатрешни работи дека ги исполнува условите за заштита на јавниот ред и мир и безбедноста во сообраќајот. Согласно Законот за угостителската дејност, градоначалникот на општината, а во градот Скопје градоначалникот на општината на подрачјето на град Скопје, води евиденција на угостителите кои отпочнуваат со работа на нивното подрачје.

   

Ноќен бар, кабаре и дискоклуб не може да се врши во деловна просторија која се наоѓа во колективна станбена зграда. Лиценцата за вршење на угостителската дејност во ноќен бар, кабаре, дискоклуб и диско-клуб на отворен простор се одзема со решение на органот на државната управа надлежен за работите од областа на угостителството (Министерство за економија) во случаи кога носителот на лиценцата не ги исполнува условите утврдени согласно со овој закон. Што треба да се исполни за да се добие лиценца? Според законот за угостителска дејност за отворање ноќен клуб, кабаре, дискотека треба да се исполнат пропишаните минимално-технички услови и дополнителните услови: објектот да може да се употребува, санитарно-здравствени услови, условите за заштита при работа, заштитата и унапредување на животната средина, противпожарна заштита и условите за заштита од бучава пропишани со закон. Минимум техничките услови се пропишани во посебен правилник, според кој, меѓу условите за вршење угостителска дејност е објектот да обезбеди рационално користење на просторот, да биде приклучен на вода, канализациска мрежа, да биде приклучен на електрична мрежа, да има телефонски и интернет врски, да може да обезбеди затоплување до 19 степени. Објектите треба да работат во согласност со прописите за заштита од пожар, според кои во угостителските објекти треба да има апарати и друга опрема за гаснење пожар. Вработениот персонал треба да биде оспособен да ракува соодветно со тие апарати и опрема. Во правилникот се предвидува и висината на просториите но само за рестораните, а не и за диско клубовите и за ноќните барови. Во угостителските објекти височината од подот до таванот треба да изнесува најмалку 2,4 метри во собите, 2,6 метри во заедничките простории за престој, просториите за послужување и кујните. Во минимум-техничките услови за ноќните барови, дансинг баровите, диско клубовите и сличните објекти кои се во затворен простор треба да биде обезбеден простор за играње и простор за изведување музички и слични програми. Објектите треба да имаат клима-уред и соодветна вентилација која обезбедува промена на воздухот 20 пати во еден час. Објектите треба да имаат соодветна звучна изолација во согласност со прописите за заштита од бучава.

Во објектите треба да има најмалку еден излез за итни ситуации за капацитет од 100 гости, а за поголем број лица соодветен број помошни излези. Опремата на угостителските објекти се состои од седечки гарнитури или маси со столови, пулт, шанк со дозер за точење на алкохол и безалкохолни пијалаци. Диско клубот на отворен простор треба да биде оддалечен од станбените објекти во радиус од најмалку 300 метри воздушна линија. Минималните услови за работа на дискоклуб на отворен простор е да има простор од најмалку 300 метри квадратни и да има обезбеден простор за играње и простор за изведување на музички и слични програми. Објектот треба да има обезбедено и помошни излези и тоа најмалку по еден за капацитет од 200 посетители. Овој вид објект после 1 часот може да користи музика со максимално дозволено ниво на бучава до 35 децибели. Кај објекти кои нудат услуги за забава треба да постојат посебни простории кои ќе бидат означени како гардероби за уметничките групи. Во угостителските објекти, без оглед на називот, во кои гостите покрај пулт или шанк се послужуваат со храна и пијалаци, како и оние угостителски објекти кои даваат и услуги за забава – танчарски, музички и кабаре програми (ноќен бар, дансинг бар, кабаре, дискоклуб и други слични ноќни објекти), треба да биде обезбеден простор од најмалку 0,8 метри квадратни по еден гостин несметајќи го просторот зафатен со опремата (пулт, шанк и слично). Во правилниот се утврдува и какви и колку тоалети треба да има во објектите и како треба да бидат поставени масите. Надоместок до 10.000 евра за дискотеките Законот за угостителска дејност пропишува и дека за добивање на лиценцата угостителот е должен да поднесе барање за издавање  лиценца на образец за платен надоместок до Министерството за економија за давање услуги за: кабаре од 2.500 до 5.000 евра во денарска противвредност, за ноќен бар од 5.000 до 7.000 евра и за дискоклуб и дискоклуб на отворен простор од 7.000 до 10.000 евра. Покрај тоа, треба да се достави и решение за упис во трговскиот регистар издадено од Централниот регистар на Република Северна Македонија, одлука за определување на висината на надоместокот за кабаре, ноќен бар, дискоклуб и дискоклуб на отворен простор, донесена од советот на општината, а на град Скопје, советот на општината на град Скопје и пријава за исполнување минимално-технички услови за вршење угостителска дејност. Потребна е согласност од органот на државната управа надлежен за работите од областа на внатрешните работи дека се исполнети условите за заштита на јавниот ред и мир и безбедност на сообраќајот и последно –  доказ за платена административна такса од 50 денари. Висината на надоместокот ја определува советот на општината, а за градот Скопје, Советот на градот Скопје. Уплатените пари од надоместокот 50% одат на сметка на општината, а во градот Скопје на сметката на градот Скопје, а 50% се уплатува во државниот буџет. Работно време на кабареата и на дискоктеките Според законот за угостителска дејност, ноќен бар и кабаре можат да работат од 20 часот до 4 часот наредниот ден, во деновите петок и сабота, спроти празнични денови и празнични денови, како и во периодот од 1 јуни до 31 август и во периодот од 25 декември до 15 февруари можат да работат од 20 часот до 5 часот наредниот ден, а на 31 декември до 20 часот наредниот ден, 1 и 2 јануари до 6 часот наредниот ден. Дискоклуб и дискоклуб на отворен простор може да работи од 19 до 4 часот наредниот ден, во деновите петок и сабота, спроти празнични денови и празнични денови, како и во периодот од 1 јуни до 31 август и во периодот од 25 декември до 15 февруари можат да работат од 19 часот до 5 часот наредниот ден, а на 31 декември до 19 часот наредниот ден, 1 и 2 јануари до 6 часот наредниот ден. Казната за непоседување лицанца е само 4.000 евра Кои се казните за сопствениците на кабареата и дискотеките кои работат без лиценца? Законот утврдува казна од 4.000 евра за правно лице. Истата казна е пропишана и за работа без упис во трговскиот регистар, непридржување кон пропишаното работно време, за пренесување лиценца и за служење алкохол и алкохолни пијалаци на лица под 18 години. Казната за одговорното лице е во висина од 30% од глобата која ќе му се одмери на правното лице. Законодавецот предвидел и дека прекршочна постапка по прекршоците предвидени во овој закон не може да се поведе, ниту да се води, ако поминат 18 месеци од денот кога е сторен прекршокот.

  

Најново

Притвор за осомничен кој подметнал пожар на два имотa на поранешната сопруга

Sase Ivanovski

Администрацијата на Трамп подготвува нови санкции против Русија

Sase Ivanovski

„Вашингтон пост“: Трамп планира илјадници отпуштања во ЦИА и други разузнавачки агенции

Sase Ivanovski

Обвинителството бара притвор за зетот на Зоки Фаци – ги запалил викендичката и станот на поранешната сопруга

Sase Ivanovski

Две години од масакрот во „Рибникар“, сите српски телевизии ја прекинаа програмата во 8:40

Sase Ivanovski

На Вучиќ ненадејно му се слошило, ја прекинал посетата на САД и се враќа во Белград

Sase Ivanovski

Изборот на нов папа нема да трае долго, проценува Ватикан

Sase Ivanovski

Хрватска: Половина од пратениците во Саборот се кандидираат за градоначалници и жупани

Sase Ivanovski

ЕУ: Новинарите се чувари на демократијата

Sase Ivanovski

Трамп како Гадафи и Садам Хусеин – со голема парада ќе слави јубилеј на војската, на неговиот роденден

Sase Ivanovski

УНИ банка ќе бира нов извршен директор, Хаџидинев заминува во централата во Бугарија

Sase Ivanovski

Сончев и летен ден, температурата ќе се искачи до 30 степени

Sase Ivanovski

Политиканти.мк Епизода 21 / Сезона 03

Sase Ivanovski

НАТКАСТ со Љупчо Цветановски – ЕП. 18 – гостува Љупчо Пренџов

Sase Ivanovski

Кавадарци на таргет од големите супермаркети. Веро, Рамстор, Тинекс и Кам…

Sase Ivanovski

КИСЕЛА ВОДА ИМА ШАМПИОН НА МАКЕДОНИЈА ВО ОДБОЈКА!

Sase Ivanovski

Симпсонови знаат… Македонија засекогаш☀️❤️👌

Sase Ivanovski

Распишан конкурс за краток стрип на фестивалот „Стрип трип“, со рок до 25 мај

Sase Ivanovski

Трамп го назначи Мајк Волц од позицијата советник за национална безбедност на функцијата амбасадор во ОН

Sase Ivanovski

Македонија со пад од 6 места на Индексот за слобода на медиумите

Sase Ivanovski

Парадата на победата во Москва како барометар за кондицијата на проруските наративи

Sase Ivanovski

Германските разузнавачи ја означија крајнодесничарската партија АФД како екстремистичка

Sase Ivanovski

ЗНМ: Македонија „падна“ за шест места во „Репортери без граници“, време е за реформи

Sase Ivanovski

УЈП: Граѓаните да си ги проверат годишните даночни пријави за 2024

Sase Ivanovski

САД се повлекуваат од формалните мировни преговори за Украина

Sase Ivanovski

Принцот Хари ја загуби правната битка за полициската заштита во Обединетото Кралство

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Најниско ниво на јавен и државен долг во последните пет години, поднесени 900 апликации од општините за проекти, инфраструктурни инвестиции во Кавадарци

Sase Ivanovski

Ковачки: Правдата не смее да се уценува со улица – Ахмети бега од вистината и се крие зад партиски знамиња

Sase Ivanovski

Министерство на внатрешни работи: Кривична пријава против полициски службеници од сообраќајна патрола во Скопје за „попречување на правдата“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Димитар Атанасовски: Од дете на протерани предци од егејот до успешен живот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Најемотивното интервју во животот на Елена Ристеска

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПОТКАСТ „Со Ана на ТИ“ | Елена Ристеска: Не сакав да видам маж по разводот, но сега мислам поинаку

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Нешто Конкретно-Елена Ристеска: Ако фатам помлад дечко ќе речат види ја бабава!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) „Коцкањето ме уништи – ама моето признание можеби ќе спаси некој друг- Гоце Пејковски

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Паркот Сарај полн за првомајскиот пикник

Sase Ivanovski

Се подобрува состојбата на Панчо, но тој останува осомничен за пиротехниката во „Пулс“

Sase Ivanovski

АУЕ-ФОН уште еднаш потврдува дека за образованието нема и не смее да има препреки

Sase Ivanovski

Камбовски: Не може да зборуваме за независно судство, кога финансирањето е преку Владата

Sase Ivanovski

Истражувачкото новинарство и етичко известување во фокусот на дводневната обука на ЗНМ

Sase Ivanovski

Мицкоски: Денеска ја посетив Општина Кавадарци и извршив увид во реализацијата на повеќе значајни инфраструктурни проекти

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КАКО ЕКСПРЕСНО СЕ ЗАТРУПА ПЕПЕЛТА ВО РЕК БИТОЛА

Sase Ivanovski

(ВИДЕОРЕПОРТАЖА) ПРИЗМА: Македонија паднала за 6 места на индексот за слобода на медиумите на „Репортери без граници“

Sase Ivanovski

Ахмети: Го цениме смелиот чекор на Таравари, тој многу порано сфати дека оваа влада е антиалбанска

Sase Ivanovski

Караџов за Николоски: Раскажува македонски приказни за лека ноќ

Sase Ivanovski

ЕК за најавата за заминувањето на Вучиќ во Москва: Односите со Русија не можат да бидат нормални додека трае војната

Sase Ivanovski

САД се повлекуваат од формалните мировни преговори за Украина, Русија одбила прекин на огнот

Sase Ivanovski

РОМСКИОТ ЛИДЕР ДЕМИРОВСКИ СО ПОДДРШКА ЗА ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ: Во право си премиере, Ромите се продадени во Шутка!

Sase Ivanovski

ВРЕДИ: 2. мај историски датум, прогласена Слободна зона во Слупчане по конфликтот во 2001

Sase Ivanovski

Поминаа три месеци од одлуката на новата американска администрација за замрзнување на активностите поврзани со американската странска помош

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ: ЗГРЕШИВ ШТО МУ ПОМОГНАВ НА КУРТО ДУДУШ ДА СТАНЕ ГРАДОНАЧАЛНИК НА ШУТКА, ТАА ГРЕШКА ЌЕ ЈА ИСПРАВАМ

Sase Ivanovski

ПИЈАН ВОЗАЧ БЕГАЛ ОД ПОЛИЦИЈА, ТИЕ ГО БРКАЛЕ НИЗ СКОПЈЕ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НИКОЈ НЕ САКА ВО ИМЕ НА ВЛАДАТА ДА СТАВА СМАЈЛИЊА И ЛОШКОВЦИ НА НОВИНАРСКИТЕ И МЕДИУМСКИТЕ ИЗВЕСТУВАЊА, НО РАСПИШАН Е НОВ ТЕНДЕР

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПО СМРТТА НА ФРОСИНА ИМА ПОВЕЌЕ СООБРАЌАЈКИ

Sase Ivanovski

До кога?

Sase Ivanovski

Индискиот премиер ѝ даде оперативна слобода на армијата да одговори на нападот во Кашмир

Sase Ivanovski

Уште колку долго ќе можеме да седиме на две столчиња?

Sase Ivanovski

Муцунски: Средба со претседателот на Јапонската надворешна трговска организација, Сусуму Катаока

Sase Ivanovski

Греам ја поддржува желбата на Трамп да биде новиот папа: „Постојат многу предности“

Sase Ivanovski

Папа Франциско, човекот од збор

Sase Ivanovski

ЕПП усвои резолуција: Доколку ЕУ и другите институции не интервенираат изборите и демократијата во Албанија се загрозени

Sase Ivanovski

АЛКАЛОИД со раст на консолидираните продажби од 6 отсто во првиот квартал, извозот изнесува 57,4 милиони евра

Sase Ivanovski

АМЕРИКАНЦИТЕ ГИ ПРОРЕТЧИЈА ПОСЕТИТЕ НА „МЕКДОНАЛДС“ Компанијата бележи пад на прометот од 3,5%

Sase Ivanovski

Шекеринска: НАТО продолжува да се зајакнува, нема најава за повлекување на американските сили од Косово

Sase Ivanovski

Судскиот совет ги избра Зоран Димитриевски, Татјана Дуковска и Маја Маркова за судии на Врховен суд

Sase Ivanovski

Нови детали за тројното убиство во Шведска: Полицијата оди од врата до врата, напаѓачот е во бегство

Sase Ivanovski

Возач на патот Гостивар-Тетово, управувал возило со брзина од 151 км на час на место каде е дозволено 80 км на час

Sase Ivanovski

ЗАВРШИ 17. ИЗДАНИЕ НА „ЛИДЕР“ ПРОЕКТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 Беа обучени млади претприемачи

Sase Ivanovski

Сторијата „Аерозагадувањето во Македонија одзема 5000 животи годишно, како да сме во војна“ ја доби првата награда на Советот на етика

Sase Ivanovski

Кривична за сообраќајни полицајци, ја „попречија правдата“ во случајот со братот на градоначалникот Стефковски

Sase Ivanovski

Независниот синдикат на полицијата бара почитување на Законот за минимална плата

Sase Ivanovski

ИСТ ГЕЈТ МОЛ СО НОВА МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА Лојалните посетители ќе добијат полесна навигација, попусти, ваучери и поени

Sase Ivanovski

Укината Одлуката со која е одобрено основање на приватно средно училиште „Медресеја Иса Беу“ во Кондово

Sase Ivanovski

60-тина илјади млади се иселиле од Македонија последните 5 години, секоја година по 10 отсто од студентите заминуваат да студираат надвор

Sase Ivanovski

Камбовски: Не може да зборуваме за независно судство, кога финансирањето е преку Владата

Sase Ivanovski

ЈАСНА ТОНОВСКА НАЈДОБАР ИСТРАЖУВАЧ НА НАРОДНА БАНКА ЗА 2025 ГОДИНА Светската неизвесност носи ризици за македонската економија

Sase Ivanovski

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

Sase Ivanovski

ВОЈНАТА ВО УКРАИНА НЕМА БРЗО ДА ЗАВРШИ Џеј Ди Венс објасни како стојат работите

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) УКРАИНА ИЗВРШИ МАСОВЕН НАПАД СО ДРОНОВИ Одекнале експлозии и избувнал пожар во Крим

Sase Ivanovski

„Ако Али Ахмети излезе на улица, враќање нема“ – вели лидерот на ДУИ

Sase Ivanovski

СДСМ започна постапка за утврдување на кандидати за градоначалници и советници

Sase Ivanovski
Вчитувам....