На состанокот присуствува комесарката за проширување Марта Кос, а покрај домаќинот, македонскиот премиер Христијан Мицкоски, во Македонија се пристигнати или ќе пристигнат и претставници од Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и од Косово.
Пред состанокот во Скопје, Европската комисија објави дека Планот за раст за Западен Балкан „нуди бенефиции за шест земји кои се подготвуваат за членство во ЕУ“, а на состанокот ќе се разговара за напредокот и ќе се разгледаат следните чекори во неговата имплементација