Тешка сообраќајна несреќа се случила рано утринава во 00:20 часот во местото Драганиќ, во Хрватска. Во неа загинале две лица. Локалните медиуми пренесуваат дека автомобил слетал во канал покрај патот. Неофицијално се пренесува дека се работи за млад човек и девојка кои живееле близу до местото на трагедијата. Возеле „бмв“ во еден момент излетало од патот и удриле во одводот. Ударот бил фатален и за двајцата.
– Деветнаесетгодишник управувал автомобил со регистерски таблички од Карлови Вари и поради несоодветна брзина возилото слетало надвор од коловозот во земјен канал од дождовница, кој потоа се превртел на покривот и одзади удрил во бетонски мост. Во сообраќајната несреќа загинаа возачот и 18-годишна сопатничка. Според полицијата, било констатирано дека тие го немале врзано безбедносниот појас. Извештајот за сообраќајната незгода ќе биде проследен до надлежното државно правобранителство – јавува тамошната полиција.