Еден ден по огромните протести во Турција каде уапсени беа 343 лица, опозицискиот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу, кој беше уапсенвечерва треба повторно да биде сослушан. Опозицијата повикува на нови протести поради апсењето на Имамоглу, лидерот на Републиканската народна партија и најголемиот ривал на Реџеп Тајип Ердоган на претстојните претседателски избори.
Министерот за внатрешни работи на Турција, Али Јерликаја, денеска соопшти дека вчера се уапсени 343 лица. Монде наведува дека вчера имало повеќе судири помеѓу демонстрантите и полицијата, која во Измир и Анкара користела солзавец и водени топови. Без оглед на тоа, опозицијата во Турција денеска повика на нови протести. Екрем Имамоглу беше уапсен во среда рано наутро, поради сомневање за корупција и поддршка на Курдистанската работничка партија, која се смета за терористичка организација.