9.8 C
Скопје
18/05/2024 07:04
МАКТЕЛ

  

     

 

Во челустите на пандемијата на деснило

      

Триумфот на вемерето не е изолиран случај што се случува само во нашата земјичка. Тој се лизга на бранот на фашисоидната милитаризација на целата Европа, на плимата на пандемијата на деснило што се шири како чума по континентов. Некни, и тоа сосем случајно, така отпат, сознав дека наредниот ден е неработен, празник, славниот 1 Мај, најсвечениот и највозбудливиот државен празник на моето детство. Тогаш прв меѓу празниците, 1 Мај беше празник што со вистинско достоинство и радост го празнуваа сите, а денес е испразнет од секакво значење и втопен во булукот верски празници, како случајно преживеан реликт од време исчезнато давно од пред потопот. А тогаш, 1 Мај го красеа – сега потполно незамисливите – првомајски паради, на кои учествуваа сите слоеви на населението, сите професии, и сите возрасти од целото општество. Сите беа свечено облечени – тој ден се облекуваше најдоброто и најмалку крпеното парче облека – или беа во своите свечени униформи или во најрепрезентативните руби што ги имаа, едноставни и сиромашки, но внимателно испрани и испеглани за таа прилика.

   

Уште пред да се истури целиот народ на главниот градски плоштад – Маршал Тито, по куќите владееше егзалтирана нервоза, сите се подготвуваа да учествуваат на парадата, некои како активни учесници што маршираат со своите транспаренти, банери и знамиња, некои што глумеа скулптури на работници што го слават својот производ качени на камионските платформи, а некои – како што кажува едно од моите најрани сеќавања – како активни гледачи, седнати на татковските рамења, голтајќи ги сите детали од парадата со оџагорени очи. Во тој избледен видеозапис за првата парада на којашто присуствував, (во кој сигурно ретроспективно се втопиле слики и детали и од подоцнежните првомајски паради што сум ги следел), најмоќно втиснат впечаток ми остави воениот дел од парадата, особено скромната но застрашувачка колона тенкови што протатни преку плоштадот и исчезна во сопствениот црн чад покрај вардарскиот кеј. И ден денес тоа ми е едно од најинтензивните сеќавања во мемориската видеотека: метални чудовишта, со топови што заканувачки штрчат од куполите, обоени во тешка сивомаслинеста боја, што на чуден начин ги истакнуваше грубите железни нерамнини на металниот оклоп.

 

Но она што го издвојува ова сеќавање од многуте други е бучавата што оклопните чудовишта ја произведуваа, која очигледно најдлабоко се врежала во детскиот мозок, зашто другите сеќавања ми се главно од подвижни или замрзнати слики, по правило глуви и безвучни. Тој ужасен звук, тоа демонско застрашувачко машинско рикање, всушност содржеше две компоненти: едната беше неподносливиот татнеж на тенковските мотори, но онаа другата, од која и ден денес ми се ежи кожата и чувствувам детски страв и трепет во стомакот, тоа беше нечовечкото и сосем неподносливо чкрипење на металните гасеници на чудовиштата што се бореа со гранитот од уличната калдрма. Ах, тоа чкрипење на тенковските гасеници, да не знаеш дал челикот се дере и вреска, дал тоа гранитот писка, тој траорен чкрипеж, кој како да доаѓаше од дното на пеколот – и како да го најавуваше неговото појавување на јаве, го слушам и ден денес, всушност при секое спомнување на војната, при секој военохушкачки говор, какви во денешново јадовито време станаа редовен наратив и преовладувачка реторика особено на европската политичка сцена.
Да, од политичката бина на онаа иста Европа, тој мрачен предмет на нашите желби, секојдневно со прозелитистички жар се зборува за војната, за нејзината оправданост, за нејзината неопходност и важност, било да е тоа војната што НАТО земјите ја водат во Украина против Русија, било да е тоа она што го нарекуваат „војна против Хамас“ а е всушност истребување на Палестинците во обид да се протераат засекогаш од нивната земја …

   

     

 

 

Интересно е што овој острастен милитаристички наратив целокупната европска јавност – политичка, економска, културна, медиумска или која и да е, без каков и да е проблем го калеми на стеблото на своите основачки принципи и вредности, кои се пак апсолутно спротивни на денешнава военохушкачка хистерија. Европа е изобличена до непрепознатливост: нејзините слогани се темелеа на интернационализмот, соработката и пацифизмот, што ќе ја остварат големата модерна идеја за Европа од Лисабон до Владивосток!? А, денес Европа е милитаризирана буквално до безумие, со високи граници од боцкави и жилет-жици што чекаат низ нив да биде спроведена и струја од висок напон. И тоа не се само илјадниците километри ограда против поминување на луѓе и животни, што по границите на Финска и Полска гордо ги изградија овие некогаш по памет и култура познати земји, туку се тоа уште многу такви што се градат веќе цела деценија, граници што ја испресекоа Европа како што таа не била никогаш во својата крвава историја.

Денешната Европа се подготвува за војна против орди варвари што надоаѓаат од дивината што се простира секаде наоколу европската градина. Параноидниот наратив на загроза однадвор – тој опробан империјалистички и фашистички штос – е спакуван да ја оправда милитаризацијата на Европа, нејзиното претворање во воена краина на американската империја, изопачувајќи ги некогашните европски вредности во еден навидум нов – а всушност прастар – мисионерски колонијализам и супрематизам. Никој подобро ова не го дефинира од Жозе Борел, европскиот министер за надворешни работи, на својот инаугуративен говор на Европската дипломатска академија во Бруж пред две години: „Да, Европа е градина. Ние изградивме вистинска градина. Тука се функционира: тоа е најдобрата комбинација на политичката слобода, економскиот просперитет и социјалната кохезија што човештвото успеало кога и да е да го оствари (…). Остатокот од светот (…) не е баш некоја градина. Повеќето од останатиот свет е џунгла, а џунглата може да ја освои градината. Градинарите што се грижат за неа нема да успеат да ја заштитат градината само со градење на ѕидови. (…) Бидејќи џунглата има силен растечки капацитет, а ѕидовите никогаш не се доволно високи да ја заштитат градината. (…)

 

Градинарите се тие што треба да тргнат кон и во џунглата. Европјаните мораат многу повеќе да се ангажираат во остатокот од светот. Инаку, остатокот од светот ќе изврши инвазија на нас, на различни начини и со различни средства.“ Неодамна, пишува Варуфакис, францускиот претседател Макрон и претседателот на Советот на Европа Шарл Мишел побараа од Европејците да се подготвуваат за војна и за времињата што надоаѓаат во кои воената индустрија ќе биде главниот носител на економскиот раст и технолошкиот напредок на Европската Унија. На луѓето очигледно им колабираа мозоците, иако се чини како тоа никој сè уште го нема забележано. НАТО земјите веќе почнаа да се тркаат во зголемување на воените буџети, па веќе не е реткост земјите да го надминуваат бараниот воен расход од 2 отсто од бруто националниот доход.
Минатата година, покрај тоа што беше рекордно жешка година откога температурите се мерат на планетава, таа го постигна и веројатно најглупавиот и најсрамниот рекорд за трите и пол милијарди години откога постои животот на земјава: светот на оружје потроши 2.400 милијарди долари, од кои ние, гордите членки на НАТО, потрошивме безмалку 1.500 милијарди долари. Па, за тие пари за само една година ќе ги нараневме сите што умираат од глад, ќе ги искореневме сите болести од кои умира сиромашниот свет вон високите ѕидови на европската градина, ќе го сопревме затоплувањето на планетата и којзнае што се не?!

Секоја војна е воен злостор, и секоја војна е инхерентно криминална во својата суштина, па оправдувањето на војната и другите пропагандни военохушкачки срања се исто така сурово и бесрамно криминални. Генералот Смидли Батлер, најмногу одликуваниот генерал на маринските трупи во историјата на САД, по учеството во десетина војни што ги водела неговата земја, вклучувајќи ја и Првата светска војна, кога се пензионирал за војната ја кажал суровата вистина: дека е таа рекет на капитализмот. Тој понатаму зборува дека тој самиот, најодликуваниот офицер во Америка, не бил ништо повеќе отколку гангстер на капитализмот, борејќи се во Мексико за да го направи сигурен за американските нафташки интереси, војувајќи на Хаити и Куба за американските банки, и пацифирајќи ја Доминиканската Република за индустријата на шеќер. „Војната е рекет во кој потчинетите земји се експлоатирани од финансиските елити и Волстрит, додека граѓаните ги плаќаат сметките за војната и ги жртвуваат своите млади мажи и жени на боиштата, а сето тоа само и единствено поради корпорациската алчност.“

Но, мене ми беше намерата да ги коментирам изборните резултати од првиот круг избори во Македоња Вечна. И, што да речам? Триумфот на вемерето не е изолиран случај што се случува само во нашата земјичка. Тој се лизга на бранот на фашисоидната милитаризација на целата Европа, на плимата на пандемијата на деснило што се шири како чума по континентов. И пролупаната Европа во слични ситуации имаше инстинкт во вториот круг да ја исправи сопствената глупост од првиот круг, и да сфати дека секое ВМРО што ќе дојде на власт ќе ја направи ситуацијата уште многу полоша отколку што мислевме. Но, дали тој инстинкт за преживување уште го имаат жителите на Македоња?

(Авторот е архитект и универзитетски професор)

    

Најново

Макроекономските проекции претставени пред ММФ: Претпазливите политики на Народната банка клучни за одржувањето на макроекономската стабилност

Sase Ivanovski

Пукање во Стокхолм: Затворена израелската амбасада, има и приведени

Sase Ivanovski

Масовни напади на Крим, сателитски снимки откриваат уништени моќни авиони

Sase Ivanovski

Иако е на „црната листа“ на САД за корупција, Самсоненко продолжува да гради на плоштадот „Македонија“

Sase Ivanovski

Германија за Преспа: Важно е да нема сомнеж дека новата влада ги почитува обврзувачките договори

Sase Ivanovski

Црвеното злато“ руши ценовни рекорди: Македонија испушта над двесте милиони евра годишно, додека лежи на бакар

Sase Ivanovski

Реакција на членови на ДИК: Неприфатливо е мешањео на политички партии и поединци од техничката Влада во изборните процедури

Sase Ivanovski

Домашен притвор за родителот од Битола, кој во училница за време на настава натепа ученик и наставничка

Sase Ivanovski

Краткотрајно невреме следните денови, со пороен дожд, град и грмежи

Sase Ivanovski

Љупчо Палевски-Палчо бара да го застапува тим од адвокати, меѓу кои Менкиноски и Страшевски

Sase Ivanovski

Зајкова демантира дека се приклучува кон ВМРО ДПМНЕ: Тоа се нарачки од партиски ботови

Sase Ivanovski

„ВРЕДИ“: Паниката е разбирлива, но злоупотребата на функцијата и притисокот врз судот се неприфатливи!

Sase Ivanovski

Европски фронт: Дали „Вреди“ се согласиле со ВМРО за ревизија на Коридорот 8?

Sase Ivanovski

Пронашле граната и ја однеле во беровкста полиција, ЦУК со апел да не се допираат неексплодирани средства

Sase Ivanovski

Автомобил излета од патот Штип – Скопје, двајца повредени

Sase Ivanovski

Приведена девојка од Кочани, нападнала и ограбила 69-годишна штипјанка

Sase Ivanovski

Мицотакис: Без почитување на Договорот од Преспа, патот кон Европа ќе остане затворен

Sase Ivanovski

Внимание: Секој адекватен простор да се искористи за поставување фотоволтаични панели

Sase Ivanovski

Данска испраќа нов пакет воена помош за Украина во вредност од 750 милиони евра

Sase Ivanovski

Египетскиот претседател Ал Сиси го обвини Израел дека избегнува постигнување прекин на огнот

Sase Ivanovski

По атентатот на Фицо, закана стигнала и до полскиот премиер – Доналд Туск

Sase Ivanovski

Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови

Sase Ivanovski

Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков

Sase Ivanovski

Зајкова демантира дека се приклучува кон ВМРО ДПМНЕ: Тоа се нарачки од партиски ботови

Sase Ivanovski

Тошковски: Високораководни структури во повеќе институции се во спрега со мафијата

Sase Ivanovski

Рама до Бугарија: Политиката на блокада е ужасна, одвратна и антиевропска!

Sase Ivanovski

Пад на германските инвестиции во земјава поради недостигот на стручни кадри

Sase Ivanovski

Британскиот воен аташе во Москва прогласен за персона нон грата

Sase Ivanovski

Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија

Sase Ivanovski

Натпревар во печење прасиња и ,,Електрични оргазам” во Куманово: Бесплатен влез за рок настанот!

Sase Ivanovski

БОМБА НА ТЕЛМА: Николовски прв полицаец, Тошковски на Правда, Муцунски Надворешни, Кочовска на чело на финансии ?

Sase Ivanovski

Средба на претседателката Гордана Сиљановска Давкова со Росана Дуџак, постојан координатор на Обединетите Нации

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЈАКИМОВСКИ ОТКРИ КАКО СЕ ВИКА ИМПОТЕНЦИЈА НА УНГАРСКИ

Sase Ivanovski

Тошковски во посета на Одделот за воздухопловни единици на МВР

Sase Ivanovski

Кривична пријава против тројца дилери на кокаин и марихуана

Sase Ivanovski

Екстрадиран Бесим Красниќи 

Sase Ivanovski

Еди Рама распали по Бугарија на настан во Тирана организиран од „Солуција“ и Рокфелер

Sase Ivanovski

КОИ СЕ ЛИЦАТА ОДГОВОРНИ ЗА ОРГАНИЗИРАНИОТ КРИМИНАЛ ВО ЕУРОСТАНДАРД БАНКА?

Sase Ivanovski

108 санкционирани возачи во Скопје

Sase Ivanovski

Аваја е единствен политички легитимен претставник на ромската заедница

Sase Ivanovski

МАКРАДУЛИ: „На СДСМ во моментов му требаат и децата на СДСМ, но и ние со белите коси. Ни требаат сите“

Sase Ivanovski

Расчистено разбојништво во Штип, одземеното вратено на сопственичката

Sase Ivanovski

МД „Илинден“: Честитки до студентите по македонски јазик во Тирана и критика за УКИМ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СТЕВЧО: ТОА ШТО ПЕЕВ “НИКО НАМ НИШТО НЕ МОЖЕ” МИ СЕ ВРАТИ СО ЛОШО, ОД ТОГАШ НАВАМУ САМО ПОРАЗИ НИЖАМ

Sase Ivanovski

Османи во Стразбур: “Мултилатерализмот останува единствен ефикасен одговор кон предизвиците”

Sase Ivanovski

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СТЕВЧЕ ЈАКИМОВСКИ: КОЈ МЕ СРЕТНЕ НА УЛИЦА МИ ВИКА СТЕВЧЕ ГЛАСАВМЕ ЗА ТЕБЕ, А ВАМУ ГЛАСОВИТЕ ГИ НЕМА, КОЈ ЛАЖЕ, КОЈ КРАДЕ?!

Sase Ivanovski

Средба Тошковски – Давкова во Вила Водно: Со партнерски однос ќе градиме општество во кое основен принцип ќе биде владеење на правото а Македонија подобро место за живеење

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЈАКИМОВСКИ: МНОГУ МИ Е ДРАГО ШТО НЕ УСПЕА БОЈКОТОТ НА ДУИ И ШТО СИЉАНОВСКА СТАНА ПРЕТСЕДАТЕЛКА

Sase Ivanovski

Таравари: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

Sase Ivanovski

Министерот Николовски ги додели првите 44 договори од новата ИПАРД 3 програма за мерките 1 и 7, поддршка вредна 30 милиони евра

Sase Ivanovski

Мицкоски: Главен приоритет на владата на ВМРО-ДПМНЕ  е силен економски развој за просперитет на Македонија и граѓаните

Sase Ivanovski

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Sase Ivanovski

ФОТО НА ДЕНОТ

Sase Ivanovski

ДОКТОР РИСТО СИМЕОНОВ ВО „КАДЕ СЕ ПАРИТЕ?“: ПАЦИЕНТИТЕ ЌЕ СЕ ЛЕКУВААТ ВО ШТИП, БИТОЛА, ТЕТОВО… НЕ САМО ВО СКОПЈЕ

Sase Ivanovski

Маринакис: Употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Sase Ivanovski

Осомничениот за атентатот на Фицо рекол дека е горд на тоа што го направил го подготвувал нападот неколку дена

Sase Ivanovski

Адвокат почина во Граѓанскиот суд во Скопје

Sase Ivanovski

Сите политички чинители да ги почитуваат меѓународно преземените обврски, порачал Троказ на средба со Џафери

Sase Ivanovski

АНАЛИЗА: Три општини во државата должат по повеќе од 9 милиони евра

Sase Ivanovski

Проблематизирање на спогодбата со Грција

Sase Ivanovski

Во име на „Македонија“: повторно распламтен стариот спор

Sase Ivanovski

Приведен бегалец: осуден на казна затвор од четири години и девет месеци

Sase Ivanovski

Османи во Стразбур на сесијата на Комитетот на министри на Совет на Европа

Sase Ivanovski

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

Sase Ivanovski

(ВИДЕОИНТЕРВЈУ) Илијевски: Резолуцијата за Сребреница го става на испит македонско-српско пријателство

Sase Ivanovski

(ФОТО) Бејби Лазања ја одби наградата од 50.000 евра: Му предложи на Пленковиќ каде да ги донира парите

Sase Ivanovski

Мицкоски го повикува Мицотакис да го срушат Преспанскиот договор

Sase Ivanovski

Истекнати права на гордост

Sase Ivanovski

Судската власт не е марионета , порачува Судскиот совет за најавите на Мицкоски за негово распуштање

Sase Ivanovski

Германската амбасада во Приштина смета дека последниот потег на косовската влада не го претставува тоа што го бараше Квинта

Sase Ivanovski

DynamicsMinds конференција собира повеќе од 1,000 учесници во Словенија

Sase Ivanovski

Претседателскиот мандат не е за нови внатрешни и регионални поделби и за изолација на земјата

Sase Ivanovski

Демократијата во опасност

Sase Ivanovski

Добро утро, Македонијо, првите 100 дена на реалност или фантазија?

Sase Ivanovski

Ѓузелов: Нереално е дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го поништи Договорот од Преспа и ќе го врати старото име

Sase Ivanovski

Алегри беснеел и се заканувал на директорот на „Тутоспорт“: Знам каде да те најдам, ќе те претепам!

Sase Ivanovski

Столе Димитриевски стана голман со најмногу настапи во историјата на Рајо

Sase Ivanovski

Мис Америка се откажа од титулата поради „менталното здравје“: Крунисана нова убавица на нејзино место

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВО ГРЦИЈА ЗАБЕЛЕЖАНА СИНА АЈКУЛА Допливала дури до пристаништето во Глифада

Sase Ivanovski
Вчитувам....