Реализацијата на капиталните расходи се одвива според планираното, иако во првите три месеци се остварени нешто под 10 отсто. Од предвидени 47,2 милијарди денари во годинашниот буџет за капитални расходи, заклучно со 8 април се реализирани 4,49 милијарди денари. Ова го посочи министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и додаде дека слабата реализација во првите три месеци е очекувана поради временските услови.
„Во јануари и февруари времето беше студено, а како што знаете, најголем дел од капиталните расходи се поврзани со инфраструктура. Очекувам зголемена реализација во следните месеци“, изјави министерката. Таа додаде дека Владата е фокусирана на инфраструктурни проекти и очекува поамбициозна реализација на капиталните инвестиции во периодот што следи.