Група вработени на националниот сервис успеале да влезат во зградата на РТС. Н1 пренесува изјава на очевидец кој тврди дека вработените успеале да влезат низ подрумските простории од блискиот магацин. Според истиот извор, дел од студентите кои го блокираат објектот на РТС наводно добиле дојава у дека има уште еден влез во зградата на РТС.

На социјалната мрежа Икс беше покажана и фотографија од прозорец од подрумот од кој беа исечени железни решетки и поставени се капаци и скали за вработените да можат да се спуштат во подрумот, а потоа да стигнат до своите работни места.

Од синоќа студентите почнаа со блокада на зградата на РТС, која ќе трае до вечерва до 22 часот. Во синоќешната интервенција на Жандармеријата пред РТС, повреден е полицаец во цивилна облека, а надлежните тврдат дека бил повреден од студенти, иако снимката го покажува спротивното.