Вработените во скопската Зоолошка градина денеска излегоа на мирен протест поради тоа што се уште немаат земено плата за месец март. Дел од нив информираа дека од вчера немаат ниту здравствено осигурување поради навремено недобиена плата. Апелираат наоѓање на решение, за да не дојде до поголеми штрајкови. -Излегоа шпекулации дека платата била заглавена поради Град Скопје. Не обвинуваме никого туку бараме само плата. Не знаеме зошто не не исплати Министерството за култура.
Дел земале плата, а останавме само ние под локална власт. Вработени се скоро 50 лица во Зоолошката градина. Од Министерството конктатирале со сметководството во Зоолошка, нашиве пратиле некој одговор и толку е. Се се штури информации. Ова е првпат, кажа Миле Танески, претседател на Синдикална организација при Зоолошката градина-Скопје. -Велигден го поминавме без плата, Први мај го поминавме без плата…Да сфатат дека сме без пари. Ова е многу, додаде вработениот. Јоаким Неделков, претседателот на СОНК информира дека Е можно е затворање на Зоолошката доколку не се исплати платата.