Вработени во штипскиот затвор ги демантираат изјавите дадени на директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов и директорот на Штипскиот затвор во врска со топката со дрога и кучката Цеца. Вработените во затворот остро ја отфрлаат верзијата на настаните што ја презентираа директорите, нарекувајќи ја „невистинита, иронична и со циничен тон“. Според нив, јавноста била манипулирана со неточни податоци, додека реалната слика за настаните во установата била намерно сокриена.
-Во текот на ноќните часови потрагата заврши без успех, но во текот на утринските часови со самото разденување повторно е направен обид да се пронајдат предметите при што успешно е пронајдено најлонска ќеса во која ќеса е пронајдена и сомнителната прашкаста и тревкаста материја. По нејзиното пронаоѓање преземени се сите оперативно протоколарни дејствија, известен е директорот на установата, пријавен е настанот во полиција, инспектори од СВР –Штип и крим полиција пристигнаа во затворот и пронајденото е предадено за понатамошно постапување. Евидентно е целосното постапување и преземените конкретни чекори во самиот дневен извештај на затворската полиција, а со сигурност го има и во полицискиот билтен, стои во демантот на затворските полицајци испратен до М Нет-ТВ.
-Сакаме да напоменеме дека токму за осуденото лице Ж.Ж. директорот на установата на неколку наврати дозволува посети вон работното време со телефонски повици кон одговорниот на смена, истото е заведено во рапортните книги на установата, директорот на установата има дозволувано и вонредни пакети за истото осудено лице, но ништо од тоа не беше кажано на споменатата пресконференција – се вели во демантот на вработените во КПУ Затвор Штип.