Од коалицијата Вреди најавија победа во сите албански општини на локалните избори во октомври. Оттаму порачаа дека времето на ДУИ завршило.
„Откако 20 години крадеа, измамуваа и уништуваа секоја албанска надеж, сега без срам излегуваат и бараат граѓаните да им дадат уште една шанса! Оние кои со децении ја користеа моќта за лични интереси, денес, фрустрирани и разоткриени пред граѓаните, бараат да се вратат на старите времиња на заробување и уцена“ велат од Вреди. Ја обвинија ДУИ дека денеска се плаши од правда а претходно секоја институција ја претворила во партиска гранка, ги омаловажувала интелектуалците и ги предавала правата на Албанците на, како што велат, ниски адути за преговарање.
„Вреди е одговорот на Албанците на оваа скапана политика! Вреди е на власт за да ја спроведе промената за која Албанците гласно бараат и нема да застане сè додека секој Албанец не се почувствува слободен, рамноправен и достоинствен во својата земја. Во октомври, на локалните избори, Вреди ќе победи во сите албански општини! Вреди во секоја општина, во секоја институција, со чисти раце и чисто лице пред граѓаните. Времето на ДУИ заврши! Ветерот на промените започна и никој не може да го запре! Вреди победува, Албанците победуваат“ порачаа од коалицијата.