Вреди излезе со реакција околу обвинувањата на лидерот на Левица, Димитар Апасиев, во врска со дивоградбите во Чаир и порача дека со своите настапи тој ја бетонирал коалицијата помеѓу Левица, ДУИ и градоначалничката Данела Арсовска.
-Димитар Апасиев даде јавна поддршка кон Данела Арсовска за нејзините активности нарачани од ДУИ, против граѓаните на Чаир и Сарај. Димитар Апасиев повеќе не ја крие коалицијата на Левица, ДУИ и Арсовска. Ако на граѓаните на Чаир, Сарај и Скопје не им беше јасна причинита за хаосот кој го предизвикува Данела Арсовска, сега се станува јасно. Тоа е плод на соработката на ДУИ со Левица. Целта на оваа коалиција е да ги затскрие и заштити дивоградбите кои ги имаат направено Кланот на ДУИ и нивните бизнис партнери во Скопје, Сарај и Шуто Оризари – велат од Вреди. Оттаму обвинуваат дека директори на јавните претпријатија во Скопје се кадри на Блерим Беџети од една страна и на Левица и Димитар Апасиев од друга страна, а тоа што не се чисти, не се собира ѓубре, не се перат улици е плод на коалицијата на Блерим, Апасиев и Данела.
-Одговорност ќе има, граѓаните не се слепи. Се удирате во гради од патриотизам, а работите со Апасиев. Доста е од ДУИ. Доста е од трул систем на штета на Албанците. ВЛЕН во следните денови во детали ќе ја информира јавноста за сите диви објекти на кланот на ДУИ кои владее во Сарај и Шуто Оризари. ВЛЕН ќе ги информира и институциите, МВР, Антикорупциска и Обвинителството. Јавноста ќе ја види сликата на Данела и ситниот интерес на Димитар Апасиев, но ќе ја види и целата криминална империја околу Кланот на ДУИ кои владеат во Сарај и Шуто Оризари- порачаа од ВЛЕН. Исто така, од Вреди ја повикаа градоначалничката на Скопје да ги прати јавните претпријатија да си ја завршат својата работа бидејќи Скопје, Сарај и Чаир се дават во ѓубре и нечистотија.