На 17 јули 1918 година, болшевиците ги егзекутираат царот Николај II Романов, неговата сопруга Александра и нивните деца: ќерките Олга, Татјана, Марија и Анастасија и синот Алексис.
Николај II владее со Руската империја од 1 ноември 1894 до абдикацијата на 15 март 1917, како резултат на Октомвриската револуција. По абдикацијата е спроведен во егзил во Сибир, а егзекутиран во Екатеринбург. Во 1981 Руската православна црква ги прогласува сите членови на царското семејство за маченици. Остатоците на царското семејство се ексхумирани по распадот на Советскиот сојуз, а на 80-годишнината од нивната смрт се повторно погребани во црквата во Санкт Петербург. Прочитајте повеќе