Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во Скопје, времето ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура во државата, а и во Скопје, ќе достигне до 35 степени.
Во попладневните часови повремено ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. И во следниот период температурата ќе се искачува во интервалот од 25 до 34 степени во Повардарието. Во Скопје и околината температурата во следниот период ќе се искачува до максимални 33 степени.