16.8 C
Скопје
19/06/2025 02:01
МАКТЕЛ

   

Врховен ќе пресече дали државата и владата се виновни за загадениот воздух!

      

Денеска на Општа седница на Врховниот суд ќе се расправа за тоа дали државата е виновна што македонските граѓани со години дишат загаден воздух, кој сериозно го нарушува нивното здравје.

Поточно, на дневен ред ќе се најде Иницијатива за утврдување начелен став и начелно правно мислење поднесена од Адвокатско друштво Гоџо, Кичеец и Новаковски од Охрид, а која се однесува на загадениот воздух.

Се почна пред околу три години, кога за првпат во државава, но и во регионот, неколкумина граѓани решија по судски пат да си го побараат она што им следува по закон и Устав, односно да дишат со полни гради.По кревање на раце на понискиот суд, ова важно прашање пред околу една година стигна до највисокиот суд, Врховниот.

   

ПРВАТА ТУЖБА Е ОД 2020 ГОДИНА

Почетокот на приказната пак е кога неколкумина адвокати, од адвокатските друштва „Бона Фиде“ и „Гоџо, Кичеец и Новакоски“ го прифаќаат предизвикот и застапуваат неколкумина граѓани, преку 11 предмети пред Управниот суд.Поголемиот дел се завршени со одбивателни пресуди по што предметите стигнале на следната адреса, а тоа во случајот е Врховниот суд.

Првата тужба во Управниот суд била поднесена во март 2020 година од засегната скопјанка, и тоа против државата, претседателот на Владата, министерот за животна средина и директорот на Државниот инспекторат за животна средина.Формално, се однесува на заштита поради незаконско дејствие, кое се состои од непреземање дејствија за исполнување на законски предвидената обврска за обезбедување услови за остварување на правото на здрава животна средина.

Имено, жителка на Карпош навела дека ѝ било попречено и оневозможено правото на здрава животна средина, во реонот во кој живее, а, од друга страна, немала можност да се обрати до кој било надлежен орган со цел да го оствари своето право.
За да го поткрепи своето тврдење, скопјанката се повикува на податоците од мерната станица поставена во општината, истакнувајќи дека загадувањето трае уште од 2012 година и сѐ уште продолжува.Таа, освен на Уставот, се повикува на неколку законски решенија, според кои, се уредува должноста на надлежните да ја спречат ваквата состојба.

Во Законот за квалитет на амбиентен воздух се предвидува должност на надлежните органи да ги преземат сите неопходни мерки, со цел да не дојде до надминување на граничните и целните вредности за загадувачките супстанции во воздухот“, наведува засегнатата скопјанка.

Таа ги набројува и сите национални и акциски планови што требало да ги донесе државата, како мерки во борбата против загадувањето.
Потенцира дека во 2013 година бил донесен Национален план за заштита на амбиентниот воздух, со рок од 5 години, потенцирајќи дека по истекот на рокот, планот никогаш не бил обновен од Владата.

„Со пропуштање на оваа дејствие, Републиката нема основен стратешки документ за заштита на воздухот, а со тоа нема ни предвидено стратешки мерки, кои би биле одговор на постојаните и повторувачки состојби на високото аерозагадување, кое е карактеристично за реонот на Скопје“, наведува подносителката на предлогот.Таа додава и дека државата има обврска да прибира и споделува информации со јавноста за одлуките важни за животната средина, повикувајќи се на праксата на Европскиот суд за човеков права.

ЗА ДРЖАВНОТО ПРАВОБРАНИТЕЛСТВО ДРЖАВАТА И ВЛАДАТА СЕ НЕВИНИ

Во име на државните институции, „одбраната“ за обвинувањата ја дава Државното правобранителство. Оттаму и го оспоруваат правото на скопјанката да поведува управен спор, бидејќи, според нив, не постоел конечен управен акт со кои ѝ биле повредени слободите и правата загарантирани со Уставот, ниту, пак, посочените државни институции презеле некое дејствие со кое ѝ ги повредиле правата. Затоа предлагаат тужбата да се отфрли како неоснована.

Исто така, од правобранителството посочиле дека Судот не може да дава забрани и задолженија на посочените државни институции.„Судот како судска власт не е надлежен да се меша во работата на извршната власт преку изрекување забрани и задолженија за постапување“, истакнале од Државното правобранителство.Управниот суд на крајот решава предлогот да го одбие како неоснован.

„Во конкретниот случај, на предлагачот не му се спречува или ограничува непосредна слобода или право, затоа што преземањето на дејствијата од страна на органи во насока на превенција и заштита од загадување не значи дека се дејствија што ќе бидат преземени исклучиво за предлагачот“, образложиле од судот.

Па така, судот во појаснувањето на својата одлука вели дека во конкретниот случај не се работи за непосреден, туку за посреден интерес на тужителот. Или, со други зборови, тоа што надлежните институции преземаат или не преземаат мерки за загадувањето, влијае врз целокупното население, а не само врз тужителот.„Во конкретниот случај, не се работи за поединечен, туку за општ интерес, што значи не е исполнет еден од условите за поднесување предлог за заштита поради незаконско дејствие“, заклучиле од Управниот суд.Речиси идентичен спор пред Управниот суд покренуваат уште неколкумина жители од различни скопски населби, но завршуваат со одбивателни пресуди.Токму затоа сега се очекува клучна одлука од Врховниот суд.

   

Најново

Овие 10 намирници се најдобри и најздрави за појадок: Одлични се за зголемување на енергијата и за сити до ручек

Sase Ivanovski

Филипче: Наместо економски бум, Македонија тресна на дното во Европа

Sase Ivanovski

Ристески од Штип – Објавен оглас за обука на работно место кај конкретен работодавач

Sase Ivanovski

Крива Паланка беше домаќин на вискока делегација од Република Словенија

Sase Ivanovski

Руските саботажи во Европа во пораст

Sase Ivanovski

МАКЕДОНИЈА НЕЛЕГАЛНА Во цела држава биле пријавени над 473 илјади нелегално изградени објекти, а 201.495 сѐ уште имаат статус на дивоградба!

Sase Ivanovski

Филипче пред градската организација на СДСМ за Скопје: Скопје е затрупано со ѓубре, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го држат градот во заложништво

Sase Ivanovski

Ограбил куќа во Скопје, украл накит и техника вредни 296.000 денари – обвинителството бара притвор

Sase Ivanovski

За првпат, Иран лансираше ултратешка ракета „Саџил“ со среден дострел кон Израел

Sase Ivanovski

МОЖНИ СЕ ПОПЛАВИ ВО АРАЧИНОВО, СТАЈКОВЦИ И НА СКОПСКА ЦРНА ГОРА Повик до граѓаните да не излегуваат од дома

Sase Ivanovski

Град Скопје објави јавен повик за субвенции за велосипед!

Sase Ivanovski

Можни се поплави од Скопска Црна Гора вечерва, ЦУК има важно предупредување

Sase Ivanovski

Министерот Дурмиши: Над 4.500 граѓани веќе аплицирале, голем интерес од невработените за мерките од Оперативниот план

Sase Ivanovski

Одбрана или демонстрација на сила? Русија гради воен комплекс кај границата со Финска

Sase Ivanovski

Трамп: Можеби ќе го нападнам Иран, можеби не

Sase Ivanovski

Нуклеарниот часовник повторно отчукува: Светот се приближува до атомска нестабилност

Sase Ivanovski

Стејт департментот го осуди откажувањето на Европската рабинска конференција во Сараево

Sase Ivanovski

Милановиќ: Израел во моментов е предводен од криминална елита, која сака да го вовлече светот во војна

Sase Ivanovski

Мотоциклист од Кавадарци е во болница со тешки повреди, се судрил со автомобил

Sase Ivanovski

Додик во Санкт Петербург: Руската подршка за Република Српска останува стабилна

Sase Ivanovski

Иран е речиси целосно без интернет

Sase Ivanovski

Десет пациенти од пожарот во Кочани примија ПРП терапија без да патуваат до Скопје

Sase Ivanovski

Расчистен вчерашниот инцидент во Чаир, поднесена кривична пријава против едно лице

Sase Ivanovski

Уште еден американски носач на авиони ќе пристигне во Средоземно Море

Sase Ivanovski

Израелски напад близу седиштето на Националната полиција во Техеран

Sase Ivanovski

Нетанјаху му се заблагодари на Трамп за „поддршката“ во војната против Иран

Sase Ivanovski

Судирот меѓу Израел и Иран води кон астрономски скок на цената на нафтата – драма на светските пазари

Sase Ivanovski

Иран ги повика жителите на Хаифа да се евакуираат

Sase Ivanovski

Левица: Владата на Мицкоски доделила државно земјиште на фирма осомничена за криминал во „Адитив“

Sase Ivanovski

ЦИВИЛ: Слободата на изразување не е подарок од власта, таа е неприкосновено право на секој човек – пресудата против Дерала е директен атак на медиумските слободи

Sase Ivanovski

Двајца војници повредени при гаснење пожар во тетовската касарна

Sase Ivanovski

38 РАКОПИСИ ПРИЈАВЕНИ ЗА НАГРАДАТА „ОЛИВЕРА НИКОЛОВА“ Победникот ќе добие 60.000 денари, романот ќе се објави во посебна едицијана романот

Sase Ivanovski

Тинејџери од Скопје запалиле кабел, па предизвикале пожар

Sase Ivanovski

Бошњачкиот сојуз поднесе иницијатива за додавање на геноцидот во Сребреница во Кривичниот законик

Sase Ivanovski

Георгиевски по повод 35-ти роденден на ВМРО ДПМНЕ: Нема простор за честитки. Партијата денес стана симбол на Македонија приврзок на србскиот свет

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Пуштен во сообраќај регионалниот пат Бељаковце – Клечовце

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Обезбедивме допонителни 600 милиони денари за  инвестиции за локален развој и реализација на општинските проекти

Sase Ivanovski

Директорот на БЈБ Јанев денеска одржа серија работни состаноци во СВР Велес  како дел од стратегија за подигнување на нивото на безбедност во сите сегменти

Sase Ivanovski

Од ЕСМ за хаваријата во РЕК Битола го обвинија СДСМ: Нема ден да не се соочуваме со предизвици како резултат на недомаќинското и нестручното управување со производствените,капацитети во изминатите години

Sase Ivanovski

Данска нѐ моли да го зграпчиме моментумот на проширувањето на ЕУ

Sase Ivanovski

Државата ќе треба да им исплати 85.000 евра на адвокатите на Мијалков и на бранителите на другите обвинети за масовното прислушување во УБК

Sase Ivanovski

Иранскиот лидер се заканува со сериозни последици во случај на напад од САД: Нема да се предадеме на никого

Sase Ivanovski

ВИДЕО | Индонезија: Многу летови до Бали откажани поради ерупција на вулкан

Sase Ivanovski

 Муртезани: „Проширувањето мора да се води според Копенхашките критериуми“

Sase Ivanovski

Фронт 21/42: Институциите не постапуваат по претставката поднесена во врска со незаконската изградба на хотелот во Горица

Sase Ivanovski

Во центарот на Кочани ќе се гради спомен-обележје во чест на починатите во пожарот во „Пулс“

Sase Ivanovski

„Шарли Ебдо“: Кој прв ќе го открие датумот на смртта на Хамнеи ќе го посети Техеран

Sase Ivanovski

Власта нема Бадентерово мнозинство, измените на изборниот законик на почек

Sase Ivanovski

Срамно е независните да бидат исклучени од изборите, експертски реакции по опасноста да заглават измените на Изборниот законик

Sase Ivanovski

Калас: Русија „нема шанси“ ако земјите од НАТО останат обединети

Sase Ivanovski

Среде бел ден ограбена 79-годишна жена во скопски Центар

Sase Ivanovski

Лишени од слобода возачи во Штип и Берово, управувале возило и мопед под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

ФОТO | Се појави нова мини-депонија, сега зад плоштадот „Македонија“

Sase Ivanovski

УКРАЛ СТРУЈА ЗА 4.000 ЕВРА Маж од Велешта се приклучил на црно и заработи кривична

Sase Ivanovski

Тошковски од Салцбуршкиот форум: Само заедничка соработка ќе ја направи Европа побезбедна, посилна и пообединета

Sase Ivanovski

ХЕЦ ЧЕБРЕН ДА СЕ ГРАДИ СО ПАРИ ОД БРИТАНСКИОТ КРЕДИТ Експерти од МАНУ оценуваат дека јавниот долг нема порасне, ако парите се повлекуваат во вистинско време

Sase Ivanovski

СЛАВНАТА ПЕЈАЧКА СЕ ПОВЛЕКУВА ОД СЦЕНАТА „Одам да го победам ракот“

Sase Ivanovski

ЌЕ СЕ ЗНАЕ ШТО НУДИ СЕКОЈА БОЛНИЦА, ПА И КОЛКУ ХИГИЕНИЧАРКИ ИМА Алиу најави нов информативен портал за здравствените услуги

Sase Ivanovski

КОЧАНИ ЌЕ ДОБИЕ НОВ ЦЕНТАР ЗА МЛАДИ Простор за дружење, гимнастика и за креативни активности

Sase Ivanovski

Данската министерка за европски прашања, Бјер во Скопје: Данска ќе биде фокусирана на проширувањето на ЕУ, моментот е тука и искористете го

Sase Ivanovski

ПРИЗНАНИЕ ЗА 45 ГОДИНИ НА СЦЕНА Рисима Рисимкин ја доби наградата „Ѓорѓи Македонски“

Sase Ivanovski

„ЕУ НЕ Е САМО ПОЛИТИКА, ТУКУ КОНКРЕТНА ПОМОШ“ Перински откри како ќе се подобри секојдневието

Sase Ivanovski

„МУ ГО УБИЈА ДЕТЕТО, СЕГА САКААТ ДА МУ ГО ОДЗЕМАТ И ДОСТОИНСТВОТО“ Туфегџиќ побара судот да го ослободи таткото на Вања  

Sase Ivanovski

ВОЈНИК УБИВА ПА ОДИ НА РАБОТА КАЈ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ Хрватска во шок по двојното убиство во Загреб

Sase Ivanovski

ТРИ ДУПКИ НА МАПАТА ПОКАЖУВААТ КАДЕ ИМА ВОЈНИ ВО СВЕТОТ Авионите кружат околу Украина, Израел, Иран, Пакистан…

Sase Ivanovski

БРОЈОТ НА ЗАГИНАТИ ВО КИЕВ СЕ ИСКАЧИ НА 21 ЛИЦЕ Во теророт кој траеше 9 часа употребени се 440 дронови и 32 ракети

Sase Ivanovski

ХАМНЕИ ГИ НАРЕЧЕ ИЗЈАВИТЕ НА ТРАМП СМЕШНИ И ЗАКАНУВАЧКИ „Ако САД се вмешаат, штетата ќе биде непоправлива“

Sase Ivanovski

„ИЗРАЕЛ Е ХРАБАР, ЈА ВРШИ ВАЛКАНАТА РАБОТА“ Мерц коментираше, стигна одговор од Захарова

Sase Ivanovski

МЗШВ: Исплатени над 340 милиони денари субвенции за обележани грла говеда

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Натпревар во што поидиотски ставови, СДС повторно шампион – Навредите за „врховизам“, „изолација“ и „антиевропски вредности“ се обид да се покрие реалноста: нивното време помина, народот ги порази, а денес државата конечно има стабилна и одговорна власт

Sase Ivanovski

Само Америка има бомба доволно голема за да го уништи Фордо

Sase Ivanovski

Манасиевски: Истрагата за Кочани се спроведува неселективно и во целост, а Филипче и Шарените знаат само да злоупотребуваат трагедии

Sase Ivanovski

СДСМ: Распад на енергетскиот систем – Управа со измислени саботажи за РЕК ја покрива сопствената неспособност!

Sase Ivanovski

Началникот на Генералштабот на Армијата на конференција за копнено војување во Лондон

Sase Ivanovski

Герасимовски: За музичките сладокусци на 28 јуни Центарска симфонија под отворено небо со Александар Тарабунов, камерен оркестар и бенд

Sase Ivanovski

Туфегчиќ: Обвинението против Александар Ѓорчевски е паушално и без докази

Sase Ivanovski

Одбраната: Кешишев бил жртва на Палевски, не сторител

Sase Ivanovski

Манев: Палевски прво ја сликаше Вања па ја уби

Sase Ivanovski

Мерсел Биљали: Светот е во своевиден вакуум – ниту е во мир ниту е во војна или истовремено е во обете состојби

Sase Ivanovski

Герасимовски со Ансамблот „Орце Николов“: Културата е наша трајна заложба – вложуваме во манифестации што ги поврзуваат сите генерации

Sase Ivanovski
Вчитувам....